20bet прифаќа уплати со голем број електронски паричници. Еден од најчесто користените методи од страна на македонските играчи е Skrill. Овој електронски паричник овозможува брзи уплати и исплати и гарантира максимална безбедност за корисникот. Процесот на уплаќање средства со Skrill е прилично брз и едноставен. Еве што треба да направите.
Регистрирајте се на страната на 20bet
Отворете ја веб-страната на 20bet. Кликнете на копчето за регистрација, лоцирано на горната десна страна. Најпрвин, казиното ќе побара од вас да го изберете бонусот за добредојде (спорт или казино). Можете да продолжите и без бонус.
Внесете ја вашата е-маил адреса и создадете лозинка. Доколку имате промотивен код, можете да го внесете во полето под лозинката.
Изберете го денарот како ваша валута, па пополнете ги полињата со следните информации:
- Ваше име и презиме
- Пол и датум на раѓање
- Адреса на живеење
- Град и држава
Можете да изберете дали да добивате промотивен материјал на вашата е-пошта или не. Ревидирајте ги информациите и завршете го процесот на регистрација.
Изберете го Skrill од листата на платежни средства
Откако успешно ќе регистрирате профил на страната на 20bet, кликнете на копчето за депонирање, лоцирано на горната десна страна. Ќе се отвори посебно прозорче каде што ќе можете да бирате средство.
Тука на листата треба да го изберете Skrill. Шансите се големи ова платежно средство да е меѓу препорачаните методи. Ако не е, можете да го најдете под менито за е-паричници (e-wallets).
Внесете ја сумата која сакате да ја депонирате
Минималната уплата која можете да ја направите со Skrill е 350 денари. 20bet ќе ви предложи 6 суми кои можете веднаш да ги депонирате. Алтернативно, можете и самите да ја напишете сумата која сакате да ја уплатите.
Доколку депонирате за прв пат, ќе мора да го напишете и вашата е-пошта. Тука ја внесувате е-поштата која ја користете на вашиот Skrill профил. Откако ќе ја направите уплатата, казиното ќе ве пренасочи кон Skrill. Тука ќе треба уште еднаш да ја потврдите трансакцијата.
Почнете да играте за вистински пари
Проверете ја вашата сметка за да се осигурате дека ги добивте парите. Ако ги добивте, можете да почнете да играте за вистински пари. 20bet нуди и различни бонуси за депозити преку Skrill, што значи дека можете да добиете и одредена награда откако ќе уплатите.
Провизии на уплати со Skrill
Како еден од најпознатите е-паричници, Skrill наплаќа провизии на трансфери на пари. Секој депозит кој го правите преку Skrill доаѓа со провизија помеѓу 2.50% и 4.99%.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка