Англиска премиер лига табела

standings

Англиската Премиер Лига е најкомпетитивната лига во Англија и една од најпрестижните во светот. Дом е на голем дел од најдобрите фудбалски клубови – Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи, Арсенал, Тотенхем, итн.

Англиска премиер лига табела
angliska premier liga tabla

Сите овие екипи имаат богата историја и се добро декорирани и на интернационалната платформа. Статистиките покажуваат дека Премиер Лигата е исто најгледаната лига во светот. Над 4 милијарди луѓе ги пратат натпреварите во регуларната сезона секоја година. Исто така, просечниот број на фанови кои гледаат одредени натпревари низ светот оди над 600 милиони.

Тука нема никаков сомнеж дека ова престижно натпреваруање ги привлекува и најдобрите играчи. Лигата има многу едноставен формат. Се состои од 20 екипи кои во текот на сезоната играат меѓусебно два пати. Вкупниот број на натпревари по сезона е 38.

Четирите првопласирани екипи добиваат автоматски влез во Лигата на Шампиони. Екипата која завршува на петтото место добива пласман во Европа Лига. Шестопласираната екипа добива автоматски влез во Конференциската Лига. Последните три екипи испаѓаат. Нивна замена се првите три екипи во Чемпионшип лигата.

Покрај тоа, екипата што ќе ја освои Премиер Лигата е една половина од финалето во Комјунити Шилд (Community Shield). Овој натпревар го игра со победникот од ФА Купот во Англија.

Компетитивноста во Премиер Лигата е на ниво кое не е достигнато од ниту една друга лига. Тука на неколку наврати се случувало одредени фудбалски екипи да имаат над 90 поени во сезона, а сепак да не ја освојат титулата.

Ливерпул е добар пример за оваа ,,несреќа”. Во сезоната 2018/19, освоија 97 поени, но сепак завршија второпласирани. Манчестер Сити ја освои титулата со еден бод повеќе. Добрата вест е што наредната сезона, Ливерпул имаше шанса да се одмазди и завшри на првото место со 99 поени.

Сезоната 2021/22 е исто така сезона каде што Ливерпул и Манчестер Сити се бореа за титулата. Иако на крај Ливерпул имаше 92 поени, сепак завршија позади тимот од Манчестер кој освои 93 поени. За споредба, третопласирана екипа во таа сезона беше Челзи со 74 поени. Рекордерот во број на поени во една сезона е Манчестер Сити – 100 поени во 2017/18.

Секој фудбалски фан будно ја прати Англиската Премиер Лига и сака да остане во тек со сите најнови случувања. Токму тоа го нудиме тука на страната на Scatter.mk. Ние имаме посветено цела секција за ова престижно натпреварување.

Кај нас можете да ја прегледате моменталната табела и да видете кои тимови си највисоко пласирани, а кои се најниско пласирани. Покрај тоа, нашата табела има доста додатни информации кои вреди да се знаат. Тука се вклучени бројот на натпревари, бројот на победи, изгуби и нерешени, број на дадени и примени голови, како и форма во последните пет натпревари.

Сите овие информации ќе ви помогнат да добиете одредена слика околу потенцијалните исходи на наредните натпревари на вашиот омилен тим. Доколку сте фан на спортско обложување, можете да ги користете нашите податоци да донесете едуцирана и доброистражувана одлука околу вашите влогови.

Покрај табелата на Премиер Лигата, ние ви нудиме пристап и до сите вчерашни, денешни и утрешни натпревари. Сите овие страни имаат посебни статистики кои вреди да ги проверете и истражете.

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.