Многу луѓе ги посетуваат казината на неделна основа, но малкумина од нив размислуваат за триковите кои овие компании им ги прават. Какво е влијанието на музиката врз ангажманот на клиентите? Одговорот на ова прашање ќе го дадеме во продолжение.
Може да звучи чудно, но во 2014 година, група Норвешки психосоцијални научници (да, тоа е вистинскиот назив на оваа професија во Норвешка) решија да истражат дали музиката која оди во позадина во казината влијае врз коцкарите, и доколку да, како точно.
Експериментот започна со коцкарска игра со карти која ја играа лица додека носат слушалки на кои се емитува различен тип на музика. Студијата беше мала со само 101 учесник – 72 жени и 29 мажи студенти по психологија на Универзитетот во Берген, Норвешка. Возраста на учесниците беше помеѓу 18 и 29 години, со просек од 21 година.
На кратко кажано, истражувачите заклучија дека може да постои поврзаност помеѓу бавната и брзата музика и склоноста да се демонстрира поризично однесување при коцкањето. Вредно е да се истакне дека немаше контролна група (секој од 101 учесници слушаше музика додека играше), што во некоја мера може да биде слабост во истражувањето.
Психосоцијалните научници открија дека постои поврзаност помеѓу музиката и однесувањето на коцкарите. Бавната музика ги охрабрува играчите да играат подолго, додека порбзата музика ја намалува нивната брзина на реакција. Поголемиот дел од уплатите беа направени во релативно кус период.
Инцидентно, Норвешкиот извештај забележува дека уште во 1912 година, прото-психосоцијалните научници предупредиле за спојувањето на музиката со слот машините. Истата година, дополнителни информации за коцкањето беа објавени, кои служеа како насоки за младите луѓе во тоа време.
Како дополнување на заклучокот на Норвешкиот експеримент кој го споделивме погоре, доказите велат дека музика во позадина може да биде корисна за казината. Но доколку неодамна сте биле во казино, сигурно сте забележале дека во позадина оди прикладна музика. Личните обзервации покажуваат дека музиката во позадина има тенденција да оди во склад со демографијата на казиното. Доколку типичниот клиент има над 40 години, тогаш во казиното оди музика од 90-тите. Како што денот се претвора во ноќ, музиката се менува и ги вклучува и најновите хитови од најпознатите артисти.
Можете и самите да си направите експеримент следниот пат кога ќе посетите казино. Запрете за момент и чујте ја музиката во позадина. Погледнете околу себе да видите која старосна група доминира во местото.
Што постигнува музиката во позадина?
Младите луѓе не го гледаат казиното како место каде што постои веројатност да загубат пари, туку како место за забава. Како забава, никој не брза да ја напушти рано. Доколку го потрошат сето она што го заработиле во текот на неделата, не се грижат, бидејќи ќе бидат повторно платени на крајот од следната недела.
Повозрасните луѓе пак, одат во казино вообичаено кога имаат слободно време. Можеби тие завземаат поумерен пристап, но музиката има влијание и врз нив. Не ви е потребен тим од Норвешки психосоцијални научници за да ви докажат дека музиката влијае врз вашето расположение. Музика со брзо темпо и особено песни кои ги сакате ќе направат да се чувствувате подобро, што за возврат ќе придонесе да уплаќате повисоки влогови.
И покрај тоа што машините се веќе наместени и казиното не бара ништо повеќе од вас, музиката во позадина има клучен ефект за успехот на секое казино. Казината одат по тенка линија при нивниот избор на позадинска музика. Таа треба да побуди позитивни емоции и чувство на комфорт, сигурност и уживање кај посетителите.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка