„Dazzling Hot“ Игра на Слот Апарати

Во светот на слот машините може да се најдат премногу игри со разновидни добивки. Некогаш е тешко да се води евиденција на како може да се стигни до добивка на слот игра, па некои играчи сакаат да се вратат на едноставна игра без комплицирани бонуси. Таква игра е „Dazzling Hot“, и следно ќе видиме како функционира оваа игра и како може да стигнете вие до добивка со оваа слот игра!

Општи Информации за „Dazzling Hot“ Слот Играта во Македонија

 

„Dazzling Hot“ е слот игра која е издадена од EGT издавачите на многу други разни и познати слот игри. Од EGT слотовите има доста популарни игри кои се играат во Македонија, како „Burning Hot“, „Super Hot“, итн.

Државна Видео Лотарија на Македонија (VLT) ги користи игрите на EGT провајдерот. VLT слот апаратите се достапни скоро во сите кладилници во Македонија, а ретко може да ги сретнете и во казина како Senator. „Dazzling Hot“ играта е исто достапна на онлајн казино страници како 2Win.

Колку Верзии има Слот Играта „Dazzling Hot“?

 

Оваа игра може да ја најдете во 2 верзии, една со 5 линии и друга со 20 линии од каде секоја има по 5 колони. Зависно каде играте, некои онлајн страни и слот машини нудат промена на линиите, каде може да селектирате игра со 1, 3, или 5 линии.

Некои кладилници или онлајн казина нудат промотивна „Dazzling Hot“ верзија со екстра бонуси. Но ретко може да се најде таква верзија на играта по кладилниците и казината во Македонија.

Како функционира „Dazzling Hot“? Правила на Слот Играта

 

„Dazzling Hot“ е една овошна игра која се содржи од обични симболи и 1 скетер знак. Добивка од скетер симболот се добива со минимум 3 појавувања на кои било колони, до максимум 5 појавувања со најголема добивка. Но иако скетерот е специјален знак, во „Dazzling Hot“ играта не носи некоја голема добивка за разлика од другите симболи, дури и со негови 5 појавувања по колоните!

Другите симболи се состоени од овошје, и истите ја следат истата шема на добивки како кај многу други игри. Тоа подразбира дека симболите како цреша, портокал, лимон, и слива носат помала добивка. А симболите како лубеницата и грозјето носат поголеми добивки. 7ка симболот ги носи најголемите добивки со негово врзување.

За да добиете добивка, секој симбол освен црешата мора да се поврзи минимум 3 пати по линија од лево на десно. Црешата пак може да носи добивка и со минимум 2 поврзувања по линија. 

Иако „Dazzling Hot“ слот играта нема никакви специјални знаци со преголеми бонуси, нејзините добивки се предобри за разлика од други игри. Најголема добивка која што може да ја остварите е со врзување на 5 7ки по линија. Зависно кладилницата и казиното, тие можат да нудат други екстра бонуси и џекпоти за „Dazzling Hot“ играта. Играчите кои што ја играат „Dazzling Hot“ на VLT апарати имаат шанса да освојат мини џекпот, милионер џекпот (добитен со мин. 20ден. по вртење), и супер милионер џекпот (добитен со мин. 40ден. по вртење). Овие џекпоти цело време варираат и добивката не им е фиксна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.