Еден од најпопуларните спортови во Македонија е дефинитивно ракомет. Во државата има добри играчи и тимови кои се натпреваруваат и на европско ниво. Еден појак играч кој се издвојува и од другите е Дејан Манасков. Тука ќе видиме точно кој е Дејан Манасков, како и неговата професионална кариера играјќи ракомет!
Општи Информации за Дејан Манасков
Дејан Манасков по потекло е Македонец, и е роден на 26 август 1992 година во францускиот град Кретеј. Потоа на негова 2 годишна возраст тој се вселил во германскиот град Хамелн, каде живеел 4 години. После Манасков започнува прв пат да игра ракомет во школски тим во Словенија.
Неговиот татко Пепи Манасков е исто легенда во македонскиот ракомет. А има и брат Мартин Манасков кој е исто така ракометар.
Почетокот на Кариерата на Дејан Манасков
Како што спомнавме горе, Дејан Манасков започна да игра ракомет на училиште. После тоа, Манасков се враќа во Македонија во Велес, каде игра за ракометарскиот клуб Борец до 2008 година. Тогаш во 2008 година Дејан Манасков полни 15 години, и запишува средно училиште во Скопје, каде ја продолжува својата ракометарска кариера во академијата на Металург. Тој во тоа време прво играл на позиција среден бек, каде потоа е префрлен на позицијата лево крило во која доминира до ден денес!
Професионалната Кариера и Успеси на Дејан Манасков
Дејан Манасков игра за тимот на Металург се до 2014 година. Тој тогаш успева да го победи шампионатот и купот дури 4 пати! Па во 2014 година тој бега од македонскиот тим за да игра со ракометарскиот клуб Вецлар. Манасков има добра сезона со Вецлар, каде македонскиот ракометарски клуб Вардар ќе го забележи тоа.
По завршување на сезоната со Вецлар, одма во 2015 година Дејан Манасков е земен да игра за клубот на Вардар во Македонија. И тогаш пак талентот се покажува на играчот, бидејќи во таа сезона во 2015 Вардар успева да го победи македонскиот шампионат и куп. Тогаш веќе и други тимови како Рајн-Некар Левен од Германиа завземаат интерест во Дејан Манасков.
Поради овој интерест, Манасков во 2016 година оди да игра во германскиот клуб Рајн-Некар Левен. Како и претходно, тој одма се покажува со победување на германската Бундеслига во Ракомет! Со толку купови и шампионати победени, Манасков е одма пак претпознаен од клубот Веспрем.
Веспрем тогаш во 2017 година го зема Дејан Манасков во нивниот клуб, каде тој игра до 2022 година. Тука Дејан Манасков пак има врвен успех, победувајќи ја унгарската лига 2018-19 и освојувајќи 3 унгарски купови!
Во 2022 Дејан Манасков пак се враќа да игра за ракометарскиот клуб Вардар, каде игра до ден денес. Пак тука Манасков со Вардар во 2023 година освојува македонски куп!
Покрај кариерата на Дејан Манасков по националните клубови, тој е исто така игра и за ракометарската репрезентација на Македонија. Тој прво започнува да игра за македонската репрезентација во 2012, каде освојуваат 5то место во Европското Првенство! Но после тоа првенство, македонската репрезентација нема постигнато преголеми успеси како полуфинале или целосна победа, секогаш завршувајќи на 8мо, или над 10 место на европските и светските шампионати.
Со својата детерминација и стремеж кон успех, Дејан Манасков го претставува примерот за младите ракометари и спортисти. Неговата посветеност кон тренингот, лидерските способности и добрата комуникација на теренот го прават не само еден од најдобрите македонски ракометари, туку и вистински репрезентативец на нашиот спорт!
Во заклучок, Дејан Манасков е име што ја краси македонската ракометна сцена. Со својата професионалност и посветеност кон спортот, тој го претставува Македонија во светот на ракометот и неговиот успех е извор на гордост за државата!


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка