Верифицирање на Evrotip профил

Evrotip е популарна платформа за онлајн спортско обложување, и за да го искористите целосниот потенцијал на вашата корисничка сметка, потребно е да го верифицирате вашиот профил. Еве чекор по чекор за тоа како терба да се верифицира/потврди еден профил.

  • Чекор 1: Креирање на корисничка сметка

Првиот чекор кон верификацијата на вашиот профил е креирањето на корисничка сметка. За да го направите тоа, треба да се упатите на официјалната веб страна на Evrotip. Откако ќе се најдете на нивната веб страница, побарајте го копчето „Регистрирај се“, кое се наоѓа десно на врвот од веб страницата. Кликнете на тоа копче за да започнете со процесот на регистрација.

 

На новата страна што ќе се отвори, ќе треба да внесете основни информации како вашето име и презиме и вашата е-маил адреса и лозинка. Овие информации ќе ги користите за најавување на вашиот профил.

  • Чекор 2: Активирање на корисничката сметка

После успешно внесување на вашите податоци и кликање на копчето за регистрација, на вашата е-маил адреса ќе ви биде испратен меил за активација. Проверете ја вашата е-пошта и отворете го меилот од Evrotiр. Во меилот ќе најдете линк за активација; кликнете на него за да ја активирате вашата корисничка сметка.

  • Чекор 3: Завршување на регистрацијата

Сега, откако вашата сметка е активирана, следниот чекор е да ја завршите регистрацијата. Најавете се на вашата сметка со користење на е-маил адресата и лозинката што ги внесовте при регистрацијата. Откако ќе се најавите, ќе видите копче „Заврши регистрација“ на врвот од веб страницата. Кликнете на ова копче за да продолжите.

 
  • Чекор 4: Внесување на дополнителни информации

Кога ќе кликнете на „Заврши регистрација“, ќе бидете упатени на нова страница каде ќе треба да внесете дополнителни информации за да го верифицирате вашиот профил. Овие информации вклучуваат:

  • Број на лична карта
  • Матичен број
  • Адреса на живеење
  • Контакт телефон

Важно е да ги внесете точните информации бидејќи тие ќе бидат проверени од страна на Evrotip. Ова е неопходно за да се осигури безбедноста на вашата сметка и за да може да ги искористите сите функционалности на платформата.

  • Чекор 5: Потврда на внесените информации

Откако ќе ги внесете сите потребни информации, ќе треба да кликнете на копчето за потврда. Evrotip ќе ги прегледа вашите податоци и ќе го верифицира вашиот профил. Овој процес може да трае неколку дена, па бидете трпеливи.

 
  • Чекор 6: Верификација на профилот

Кога Evrotip ќе ги провери и потврди вашите информации, ќе добиете меил дека вашиот профил е успешно верифициран. Сега можете целосно да го искористите вашиот Evrotip профил за обложување, повлекување средства и користење на сите останати услуги што ги нуди платформата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.