Лига 1 (Лига Еден), попозната како француска Лига 1 е најдобрата и најпрестижната фудбалска лига во Франција. Регуларната сезона почнува во август и завршува во мај. Оваа лига вклучува доста познати екипи од калибарот од ПСЖ, Марсеј, Монако, Лил, Лион, Тулуз, Стразбург и Ница.

Првиот клуб кој успеа да освои десет титули во Лига 1 е Сент Етиен, а лигата за прв пат се одржа во далечната 1932 година. Првото официјално име и беше Национал (National). После една година, лигата се преименува во Дивизија 1, а моменталното име го има од 2002 година.
Моментално, ПСЖ е најтрофејниот клуб во историјата и го држи рекордот за најмногу последователни изиграни сезони без испаѓање – 50. Марсеј го држи рекордот за најмногу изиграни сезони во Лига 1, 73.
Форматот на француската Лига 1 е сличен како оној на германската Бундеслига. Табелата брои 18 тимови. Првите три тимови обезбедуваат пласман во Лигата на Шампионите за следната сезона.
Четвртопласираниот тим игра квалификации за Лигата на Шампионите. Петтопласираната екипа добива место во Европа Лигата, а шестопласираната екипа добива место во Конференциската Лига.
Двата последнопласирани тимови испаѓаат во Лига 2, додека тимот кој се наоѓа на 16-то место игра плејоф за опстанок.
Низ годините, Лига 1 била дом на голем број легендарни играчи. Дел од имињата кои вреди да ги спомнеме се Лионел Меси, Килијан Мбапе, Нејмар, Тијаго Силва, Марко Верати и Преснел Кимпембе. Жунињо, Роналдињо, Кавани и Анхел Ди Марија исто така се натпреварувале во Лига 1.
Scatter.mk ги има најновите информации за сите екипи во оваа престижна француска лига. Доколку сакате да проверете кои натпревари ќе се одржуваат денес или утре, слободно можете да пристапете кон адекватните страници.
Исто така, имаме посебна страница каде што можете да ги гледате резултатите од Лига 1 во живо. Резултатите во живо имаат детални статистики околу постигнатите голови, картони, измени, минутажа за сите овие настани, итн.
Доколку пак сакате да видете кој бил резултатот на вашиот тим кој играл вчера, отворете ја нашата страница за вчерашни натпревари.
Покрај тоа, Scatter.mk ви дава детален приказ на моменталната табела на француската прва лига. Нашиот тим константно ја ажурира и заради тоа, секогаш ќе имате пристап до најновите информации.
Табелата дава увид до моменталниот број на поени на вашиот омилен тим, како и сите други тимови. Ќе имате и преглед до бројот на изиграни натпревари, број на поени, број на победени, изгубени и нерешени натпревари, како и број на постигнати и примени голови.
Не бараме никаква регистрација од ваша страна за да добиете пристап до нашите статистики. Сè што треба да направете е да се конектирате на интернет и да ја отворете нашата официјална веб страна.
Сите информации на Scatter.mk се од информативен карактер. Оваа платформа не е наменета за спортско обложување, но фановите на обложување можат да ги користат нашите податоци за да донесат подобра одлука околу нивниот влог. Scatter.mk е оптимизирана за мобилни уреди.
Благодарение на тоа, можете слободно да ги користете нашите услуги на Android и iOS телефони/таблети, без никакви попречувања или проблеми. Едноставно пристапете кон вашиот мобилен пребарувач и внесете го УРЛ-то на нашата веб страна.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка