Секоја кладилница нуди многу разни начини на кои играчите може да се обложуваат. Тоа е посебно вистина за обложувањето на секакви спортски натпревари, како за фудбал, со премногу коефициенти за одбирање. Но некои обложувалници нудат системско обложување со самите коефициенти. Па доколку не знаете што е системското обложување на фудбалски натпревари, тогаш тука се ќе ви биде објаснето!
Што се Системи за Обложување на Фудбал?
Системите за обложување во фудбалот едноставно претставуваат начин на обложување каде може да одберете колку типови и квоти на одбраните натпревари треба да бидат погодени за да ви биде дадена исплата. Па за пример, уплата на тикет со систем 4/6 ќе ви означува дека треба да бидат погодени квотите на 4 натпревари од 6 за да ви биде дадена исплата од кладилницата.
Како што би можеле да погодите, тикетите со уплата на систем ќе ви нудат многу помала исплата, бидејќи шансите се поголеми тикетот да биде победлив. Што повеќе имате помал систем, тоа повеќе помала исплата ќе ви биде дадена. Доколку имате тикет со систем 5/6, каде треба барем 5 натпревари да бидат погодени за исплата, тој ќе има поголема добивка од тикет со 3/6 систем, каде треба барем 3 натпревари да бидат погодени.
Уплатата и исплатата сепак зависи и од квотите на самите фудбалски натпревари кои ги внесувате на вашиот тикет. Да речеме на пр. имате спортски тикет со 6 вкупно натпревари, и систем 3/6. Доколку погодите 4 натпревари, чија квота е 1.5, ќе имате помала добивка од тоа ако некои од погодените натпревари има 3.5 коефициент. Исто така добивката се зголемува што повеќе натпревари имате погодено во самиот систем.
Како Функционираат Системите за Обложување на Фудбал
Иако добивката е помала на фудбалски тикет со систем, шансите сепак се зголемуваат за добивка. Сите сме се пронајдоле во ситуација каде спортскиот тикет ни паѓа и станува недобитен само поради 1 паднат натпревар! Системскиот начин на фудбалски тикет има разни комбинации на кои може натпреварите да се одвијат.
За пример да речеме дека имаме тикет од 3 натпревари, кои ќе бидат натпревар 1, 2, и 3, и систем 2/3. Тука имате 3 комбинации и начини на кои може да биде добитен тикетот, и тоа доколку натпреварите 1 и 2 се погодени, 1 и 3 се погодени, или 2 и 3 се погодени.
Вашиот паричен влог на системскиот тикет потоа се дели по секоја комбинација. Па ако вложете 30 денари, влогот ќе биде 30 денари поделено на 3 комбинации, што се добива 10 денари за секоја од 3те возможни комбинации!
Добивката на комбинацијата се добива со множење на квотите од добиените комбинации и влогот по комбинација кој што го пресметавме. На пр. доколку натпреварите 2 и 3 се погодени, и имаат по 1.5 и 1.3 коефициент поединечно, тогаш добивката ќе биде 1.5*1.3*10 ден. по комбинација, што е еднакво на 19 денари! Доколку сите натпревари се погодени, тогаш добивката изнесува збир од добивките на сите комбинации. Ова е само пример за да ви биде јасно како функционираат системските натпревари, и вистински нема да пишувате вакви фудбалски тикети.
Разни Начини за Системско Обложување во Фудбалот
Тоа беше за како функционираат обичните системи за фудбалски тикети, но некои играчи сакаат уште повеќе шанси за добивка. Затоа кладилниците не само што го нудат системскиот начин на игра, тие имаат и повеќе различни начини на одигрување на самиот систем, како систем со фиксни натпревари, и систем од системи.
Системот со фиксни натпревари е тоа како што звучи – комбинација од тикет со систем и обичен тикет со натпревари. Тука може да одберете натпревари со фиксни квоти кои мора да бидат победни за да може да ви биде дадена исплата заедно со други натпревари ставени во обичен систем.
Пример, имате 5 натпревари, каде 2 се фиксни, и другите 3 се во систем 2/3. Тогаш 2та фиксни натпревари и барем 2 од натпреварите во системот мора да бидат победни за остварување на добивка. Добивката се добива со множење на квотата и влогот по комбинацијата во системот и квотите на фиксните натпревари!
Систем од системи во фудбалските тикети пак претставува повеќе системи на еден спортски тикет. За да остварите добивка тука, мора сите системи да бидат победни на самиот тикет. Тука на пример можете да уплатите 2 системи, еден со 2/3 победни натпревари, а друг со 5/8 победни натпревари. Тогаш кога минимум 2 натпревари се победни на првиот систем, и минимум 5 натпревари се победни на вториот систем, ќе ви биде остварена добивка.
Добивката кај системи од системи се пресметува со множење на квотите по добитните комбинации, и самиот влог по комбинација. Кај овие системи можните добитни комбинации, а воедно и влогот по комбинација може да стане многу комплициран со повеќе системи.
Секако овие се главните начини на системи кои кладилниците ги нудат. Некои други кладилници, а посебно и онлајн кладилниците, може да нудат уште повеќе начини на системска игра со фудбалски натпревари. Други кладилници пак имаат и минимален влог по комбинација, и може и да не ве остават да уплатите системски тикет доколку немате доволно голем влог. Сепак овие правила варираат од кладилница до кладилница, па најдобро е да се упатите кај вработен доколку сакате да ги слушните сите правила и начини кои ги нудат за системска игра на тикет!
Дали да се Обложувате со Систем или со Фиксни Натпревари во Фудбал?
Доколку не сте сигурни дали ќе биде погодена квотата на некој од вашите одбрани натпревари, и сте спремни за помала добивка на тикетот, тогаш најдобро е да одиграте системски тикет каде ќе одберете да победат минимум квоти во кои сте сигурни. Ако сте 100% сигурни дека одберените квоти за вашиот тикет се победни, тогаш уплатете обичен тикет со фиксни натпревари, бидејќи добивката сепак ќе ви биде поголема.
Но ако сте поискусен играч на спортските тикети и системи, тогаш зависно вашата ситуација, може да одете и со некој од различните начини на системи кои може една кладилница да ги нуди!


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка