Кој е Горан Пандев?

Во Македонија слободно може да се каже дека најпопуларен спорт е фудбалот. Луѓе од сите возрасти играат, а и го следат фудбалот кој се игра на професионално ниво. Горан Пандев е еден од најаките играчи на фудбал што има излезено од Македонија. Па затоа тука ќе видиме точно кој е Горан Пандев, како и неговата кариера и успеси што ги има постигнато!

Општи Информации за Горан Пандев

 

По потекло Горан Пандев е македонец, роден на 27 јули 1983 година во Струмица, Македонија. Моментално тој се смета за најдобар играч на позиција стрелец во македонската репрезентација за фудбал! Горан Пандев е воедно и фамилијарен човек со неговата жена Надица и 3 деца Ана, Софија, и Филипо.

Покрај тоа, Пандев има основано и своја академија, клуб за фудбал „Академија Пандев“, која во 2017 влегува со игра во Прва Лига на Македонија, па во 2019 пробаа да се квалификуваат за Лига Европа.

Почетокот на Кариерата на Горан Пандев

 

Горан Пандев ја започнал неговата професионална кариера на многу рана возраст во фудбалскиот клуб Беласица во родниот град Струмица во 2000 година. Но за многу брзо неговиот врвен талент ќе биде претпознаен, и во 2001 година Горан Пандев ќе биде продаден на Интер за 250,000 евра!

Потоа, додека Пандев играше за Интер, преку договор тој беше даден да игра и за тимовите Специја до 2003 година, и Анкона до 2006 година. Иако Пандев имаше добра игра во Анкона постигнувајќи и по некој гол, се верува дека тој тим имаше најлоша сезона во Серија А 2003-2004год. Но на Пандев кариерата почнала да се развива кога бил даден да игра за тимот Лацио…

Професионалната Кариера и Успеси на Горан Пандев

 

Во 2004 година Пандев бил даден на тимот Лацио, но како што видовме горе, тој под договор морал да игра и за Анкона до крајот на сезоната во исто време. Потоа Горан Пандев игра за Лацио се до 2010 година постигнувајќи 48 голови во 159 натпревари. Но неговата титула за најдобар играч во Македонија се виде кога Пандев со Лацио го освои купот на Италија во 2009 година и бил нагласен за најдобар стрелец! Поради скандал кој се случил помеѓу Пандев и прецедателот на Лацио, тој го напушта клубот на Лацио во 2010 година.

Па после тој пак се враќа назад да игра за Интер во 2010 година, каде пак постигнува уште повеќе успеси. Со Интер во таа сезона Пандев со Интер победува 4 врвни титули, и тоа: Лига на Шампиони, фудбалскиот куп на Италија, првак на Серија А на Италија, и Светското Купско Првенство! Продолжувајќи во 2011 година, тој исто така со тимот пак го победува фубалскиот куп на Италија. Од одиграни 67 натпревари Пандев тука постигнува 8 голови.

Иако Горан Пандев имаше предобра игра со Интер, тимот натаму не го вклучуваше играчот во многу натпревари. Па како позајмен играч Пандев почнува да игра за Наполи во 2011 година. И тука Пандев постигнува голем успех каде пак ја победува титулата на Фудбалскиот Куп на Италија во 2012 година! Пандев после го откажува договорот со Интер и потполно влегува да игра со Наполи се до 2014 година, каде од 92 натпревари постигнал 19 голови.

После тоа Горан Пандев нема некои преголеми успеси, каде тој игра за Галатасарај од 2014 до 2015 година, па од 2015 до 2022 игра за Џенова. Па исто така во 2022 година заминува да игра за Парма во Серија Б.

Горан Пандев не беше само успешен во клупскиот фудбал, туку и во репрезентацијата на Македонија. Тој се смета за најдобар стрелец во македонската репрезентација, со постигнати 38 голови во 122 натпревари! Затоа тој е вистинска икона на македонскиот национален тим.

 

Горан Пандев останува симбол на македонскиот фудбал и еден од најголемите спортисти што ги дал нашата земја. Неговата приказна служи како доказ дека со талентот, посветеноста и напорот, можеме да ги надминеме сите пречки и да го постигнеме нашиот висок потенцијал!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.