Холандска Ередивизие табела

standings

Македонските спортски фанови често се шегуваат дека името на холандската лига е меѓу покомплицираните. Ередивизие е најелитната фудбалска лига во Холандија и е дом на доста легендарни екипи. Дел од нив вклучуваат ПСВ, Ајакс, Фејенорд, Утрехт, Твенте и АЗ Алкмар.

Холандска Ередивизие табела
holandska eredivisie tabla

Оваа лига е основана во 1956 година и моментално е на шестото место на листата на најкометитивни и најдобри лиги во Европа. Еден многу интересен факт за Ередивизие е дека од 1965 година до ден денес, прваци биле само три екипи – Ајакс, ПСВ и Фејенорд. Овие три тима ја подаваат титулата еден на друг веќе со децении.

Тука има само два исклучоци – 1981 и 2009. Во 1981 година, титулата ја освојува АЗ Алкмар, а во 2009 титулата ја освојува Твенте. Трите тима кои ја доминираат холандската лига се исто така едиствените три екипи кои никогаш не испаднале од Ередивизие. Заради тоа, нив често ги викаат Големата Тројка.

Нашата Ередивизие табела ги има најпотребните информации за секој фудбалски фан. Во табелата можете да ја видете формата на секоја екипа во последните пет натпревари, бројот на постигнати и примени голови, одиграни натпревари и моментална позиција.

Сите овие информации се корисни, особено ако сакате да се обложувате. Анализите на натпреварите и достапните статистики ќе ви овозможат да направете детална рецензија на формата на одредена екипа и со тоа, да ги зголемите вашите шанси точно да предвидете како ќе заврши следниот меч.

Во перидот измеѓу 1990 и 1999, официјалното име на лигата беше ПТТ Телекомпетити (PTT Telecompetitie) заради спонзорства. Од сезоната 2005/06, главен спонзор на лигата е холандската државна видеолотарија, но заради легални причини, името на лотаријата не може да стои рамо до рамо со името на лигата.

Форматот на Ередивизие е сличен како оној на сите најпопуларни лиги во Европа. Табелата брои 18 екипи. Двете првопласирани екипи добиваат директна квалификација во Лигата на Шампиони. Третопласираната екипа игра квалификации за Лига на Шампиони.

Четвртопласираната екипа добива директна место во Лига Европа. Екипите кои се рангирани на петто, шесто, седмо и осмо место играат плејоф за Конференциска Лига. Последните две екипи испаѓаат во втората лига, а шеснаесеттопласираната екипа игра плефој за испаѓање.

Моментално, најтрофеен клуб во Холандија е Ајакс, пред ПСВ и Фејенорд. Фејенорд е едиствена екипа од Големата Троја која нема освоено барем 20 лига титули. Низ годините, холандската Ередивизие била дом на голем успешни играчи – Јохан Кројф, Џералд Ваненбург, Вили ван дер Куијлен, Клас Јан Хунтелар и Дирк Кајт се само мал дел од тие кои вреди да се спомнат.

Ако сакате да видете кои натпревари се изиграни, кои се играат и кои допрва ќе се играт, слободно можете да ги посетете нашите страници за вчерашни, денешни и утрешни натпревари.

Во овие секции имаме одлична поделба на секој тип турнир или лига според државата во која се одржуваат. Холандската Ередивизие е меѓу достапните лиги и можете да уживате детален приказ на сите натпревари. Страниците се само на еден клик од вас. Со оглед на тоа дека Scatter.mk е оптимизирана за мобилна употреба, можете да ја прегледате табелата или натпреварите од било кој мобилен уред.

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.