Серија А го претставува врвот на италијанскиот фудбал. Оваа лига е една од најпопуларните не само во Македонија и Европа, туку и во светот. Дом е на голем број легендарни тимови од калибарот на Јувентус, Интер, Милан, Лацио, Фиорентина, Наполи и Рома.

Италијанскиот фудбал, кој најдобро е отсликан во Серија А, е родното место на таканаречената ,,катанаџо’’ игра. Тука дефанзивата се става во прв план и целта е да не се прими гол. Иако за љубителите на брз фудбал, италијанскиот начин на играње не е многу атрактивен, лигата несомнено има фантастични бројки.
Јувентус е најтрофеен клуб во првенството, а Милан го има најголемиот успех на интернационалната платформа.
Милан е една од најуспешните екипи во Лигата на Шампионите. Интересен факт е дека Јувентус ги има најголем број на изгубени финалиња во ова натпреварување. Бјанконерите секогаш биле на само еден чекор до оваа престижна титула, но ја освоиле само два пати.
Италијанската Серија А во себе брои 20 екипи. Првите четири екипи добиваат пласман во Лигата на Шампиони, а петтопласираната екипа игра во Лига Европа. Шестопласираната екипа оди во Конференциската игра, а последните три екипи испаѓаат во Серија Б. Нив ги заменуваат првопласираните екипи од Серија Б.
Притоа, бројот на екипи кои можат да се квалификуваат во Лигата на Шампионите може да се зголеми. Сè зависи од успехот на италијанските клубови во евопските натпреварувања. На пример, во 2023/24, пет екипи од Серија А добија место во Лигата на Шампиони заради успесите од минатата сезона.
Низ годините, фановите на италијанскиот фудбал имале шанса да гледат многу легенди како играат во оваа лига. Кафу, Неста, Малдини, Киелини, Буфон, Ибрахимович, Кака, Дел Пиеро и Пирло се само дел од нив.
Тука не смееме да ги заборавиме и нашите Дарко Панчев и Горан Пандев. Панчев се пресели во Интер во 1992 година, една година откако ја освои Лигата на Шампиони со Црвена Ѕвезда. Во дресот на Нераѕурите имаше 29 настапи, на кои постигна 10 голови.
Пандев е засега единствениот македонски играч кој успеал да освои триплета(Серија А , италијански куп и Лига на Шампиони). Тоа го постигна со Интер во 2010 година. Со оглед на фактот дека Италијанската лига е ранкирана како втора најмоќна во Европа, ова а големо достигнување на нашата фудбалска легенда.
Нашата табела на италијанската лига ви дава детален приказ до моменталната состојба. Тука можете да имате увид до формата во последните пет наптревари, бројот на голови, број на пообеди и изгуби и многу повеќе.
Нашите секции за вчерашни, денешни и утрешни натпревари можат да ви дадат плус информации околу тимовите во Серија А. Можете да ги пратете натпреварите и на нашата секција за резултати во живо.
Тука ќе ви се прикажани сите моментални статистики за одреден меч, како и минутата, постигнати голови, стрелци на головите и многу повеќе. Резултатите во живо се одличен избор за оние кои не се во можност да гледаат пренос, а сакаат да останат во тек со сите случувања.
Едноставно отворете ја нашата официјална страница, одете на посакуваното мени и уживајте. Немојте да заборавите да се најдете стабилна конекција до некоја Интернет мрежа.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка