Како да играте Бакарат?

Бакарат се игра во многу физички и онлајн казина. Во превод „Бакарат“ значи нула, бидејќи картите крал, кралица, џандар и десетка ви носат точно 0 поени. Доколку сакате да научите како се игра Бакарат, тогаш продолжете да читате. Нашиот водич ќе ви открие кои се правилата на играта, понудените опции, а ќе добиете и неколку значајни совети.

Основни правила на Бакарат

 

Глобално е прифатено дека класичната верзија на Бакарат се вика Пунто Банко. Ќе зборуваме и за останатите верзии, но засега, да ја погледнеме најзастапената верзија на Бакарат. Играта започнува со 6 или 8 шпила на крати, во зависност од верзијата. Секој шпил содржи 52 карти. Има вкупно 14 седишта на масата, со тоа што 13-тото место е празно поради суеверие. Исто така има 3 дилери во играта.

Вистинскиот Бакарат започнува со делење на две раце, една за играчот и една за дилерот. Останатите играчи се обложуваат чија рака ќе биде посилна, дали онаа на играчот или на дилерот. Доколку резултатот е еднаков, следува нова рака. Картите се чуваат во затворена кутија, од која се земаат и делат.

Доколку еден играч има пет или помалку од пет поени, може да влече трета карта. Дилерот исто така може да извлече карта во зависност од тоа колку поени има. На пример, доколку неговите поени се помеѓу 0 и 2, тогаш и тој може да извлече трета карта.

 

Нумерираните карти од 2 до 9 ви го даваат бројот на поени наведен на картата. Кралот, кралицата, џандарот и десетката носат 0 поени. Кецот се брои како еден поен. Поповолна позиција е да се обложите дека посилна рака има дилерот бидејќи казиното скоро секогаш ја има предноста. Најтешко е да се обложите на нерешено, бидејќи тоа и ретко се случува.

Какви типови на Бакарат постојат?

Покрај класичниот Бакарат – Пунто Банко, постојат неколку други варијации на играта, кои на кратко ќе ги претставиме. Истите можат да се најдат како и во регуларните казина така и во онлајн казината. Наместо да губиме време, ајде да ги погледнеме најчестите меѓу нив:

 

Chemin De Fer

Ова е широко распространет Француски Бакарат кој се разликува од стандардната верзија бидејќи во него нема дилер. Еден од играчите на масата ја превзема неговата улога и кутијата во играта е железна. Што се однесува до вредноста на картите и останатите опции, тие остануваат исти. Chemin De Fer е позастапена во регуларните казина, но е достапна и онлајн.

EZ Бакарат

Неколку дополнителни опции за обложување се додадени во оваа верзија на Бакарат. На пример, имате можност да предвидите дали при нерешен резултат тој што ќе ја извлече и третата карта ќе има 8 поени, како и дали играчот што влече ќе ја извлече токму оваа карта. Останатите правила се исти како и кај Пунто Банко, но доплнувањата на оваа верзија можат да ви донесат добивка.

Останати верзии на Бакарат

 

Бакарат со три карти, Супер Пан 9 и Бакарат ен Банк исто така можете да ги сретнете, а нивните правила не се многу различни од класичната верзија на оваа игра. Можете да ги побарате кај најдобрите обложувалници и да одиграте со вистински пари или да ги испорбате демо верзиите.

Каде можеме да се обложиме на Бакарат?

На Efbet, Winbet, Bet365, Palms Bet и Poker Stars онлајн казината можете да најдете Бакарат за вистински пари. Играта исто така е достапна и во живо, па можете да играте и со вистински дилер. Ова е една од најзастапените игри за која сакавме да ви кажеме на нашиот сајт. Се надеваме дека ве заинтересира и со нетрпение очекуваме да ви кажеме нешто повеќе за неа во нашите следни постови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.