Игрите за среќа во Македонија имаат голема популарност, посебно државната лотарија Лото 7 или пишувањето на тикети со натпревари. Но една игра која многу луѓе често не ја играат за добивки, туку повеќе за забава е Кено.
Кено е игра на среќа која што има добри шанси за добивки, големи и мали, за кои што може да уплатите и играте на секои 5 минути. Овој фактор на играње и следење во живо ја направи Кено хит игра во Македонија, но како секоја игра, и Кено има свои правила. Затоа следно ќе видиме како точно работи една игра на Кено и кои се сите правила што вие треба да ги следите!
Што е Кено и Како Функционира Самата Игра
Кено е игра на среќа каде што играчот може да одбере и одигра од 1 до 10 бројки кои се бираат од 1 до 80. Потоа, на секои 5 минути од 10 до 22 часот, ќе бидат извлекувани 20 бројки во Кено играта кои може да се следат во живо.
Зависно колку бројки сте одиграле и погодиле, вашата добивка може да варира според самите коефициенти. Пр. доколку сте одбрале 6 бројки, сте уплатиле 20 денари и сите сте ги погодиле, тогаш вашата добивка ќе биде 500*20=10,000 денари. А доколку сте одиграле 10 и сте ги погодиле сите, тогаш добивката ќе биде 100,000*20= 2,000,000 денари! Обратете се на линкот погоре за сите коефициенти на Кено играта.
Доколку сакате да играте Кено во Македонија, ја има во многу продажни места и обложувалници како Sportlife. Може бројките да ги одиграте со впишување на ливче и да го предадете на вработениот каде што се нуди Кено, или пак самите да му ги кажете бројките. Но како секоја игра, и Кено има правила и бонуси кои секој нов играч мора да ги знае!
Разберете ги Правилата на Кено: Како да Стигнете до Игра и Добивка
Како за сите игри на среќа во Македонија, и Кено не бега од главното правило дека лица под 18 години немаат пристап до играта. Доколку вие сте малолетник или родител со дете кое сака пристап во Кено, мора да знаете дека играта не е наменета за вас.
Второто правило зад Кено е тоа како ги одберете бројките. Погоре објаснивме дека може едноставно да се одберат од 1 до 10 бројки. Но Кено исто така нуди и системска игра, каде минимум може да одиграте 1 од 2, а максимум 10 од 12! Можните добивки за вашиот систем ќе ви ги каже продавачот кои ќе бидат помали одколку без систем и пресметани зависно комбинациите на системот, кои може да ги видете тука.
Доколку уплатите за Кено игра, тогаш имате шанса да одиграте и дополнителна Кено Галакси игра. Тука можете да одберете 1,2,3,4, или 6 бројки каде има 15 полиња. Од тие полиња, може да одберете бројки од 1 до 12 и 3 симболи: Сонце, Месечина, и Ѕвезда!За разлика од обичното Кено, во Кено Галакси бројките имаат црвена и црна боја, па може да одиграте каква боја ќе се падни, дали ќе биди парен, непарен, или симбол, сектори, итн. Според одбраната комбинација, добивката може да биде поголема! Обратете се тука за коефициентите и можните добивки на Кено Галакси.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка