Која е Лина Ѓорческа?

Македонија има добро развиена спортска сцена како и нејзините спортисти. Иако многу фанови се фокусирани на машките спортски турнири, има и многу женски спортистки кои се прочуени и славни во државата. Една спортистка е тенисерката Лина Ѓорческа. Па доколку ве интересираше која е Лина Ѓорческа, не се грижете бидејќи тука ќе видиме се што треба да знаете за оваа тенисерка!

Општи Информации за Лина Ѓорческа

 

Лина Ѓорческа е родена на 3ти август 1994 година во Тетово, Македонија. Таа е професионален играч на тенис, не само во рамките на државата, туку и на светски рамки. Тргајќи го тенисот на страна, Ѓорческа сакала да биде архитект. Таа запишала архитектонски факултет вонредно, но немајќи време за тоа Лина продолжила со професионално играње на тенис, чија кариера ќе ја разгледаме подетално доле!

Почетокот на Кариерата на Лина Ѓорческа

На многу млада возраст од 6 години Лина Ѓорческа започна да игра тенис. Таа започнала да спортува тенис заедно со нејзиниот брат, од каде била забележана од нивниот тренер. 

 

Во својата јуниорска кариера, Ѓорческа постигна неколку значајни победи на меѓународни турнири, што ѝ обезбеди рангирана позиција на јуниорската светска листа. Нејзино прво појавување може да се најди уште во 2012 година на ITF (Интернационална Тениска Федерација) тениските турнири, каде во таа година Ѓорческа постигна 1-1 победи-изгуби во поединечни игри, и 3-7 победи-изгуби во игри по двојки. 

Со успешната завршна фаза на нејзината јуниорска кариера, Ѓорческа продолжува да се натпреварува во ITF и други тениски турнири, освојуваќи победи, титули, а и изгуби. Таа започна да учествува на меѓународни турнири и редовно да се натпреварува против некои од најдобрите тенисерки во светот. Потоа накај 2016-2017 година веќе почнува да се покажува силата на Лина како професионална тенисерка на сцената…

Професионалната Кариера и Успеси на Лина Ѓорческа

 

Јачината на Лина Ѓорческа во тенисот прво почнала да се покажува во 2016 година, кога таа се појавила на Гренд Слем турнирот за отвореното тениско првенство на САД. Лина е првата македонка која се појавила на Гренд Слем турнир, иако таа изгубила во првата квалификациска игра против Катерина Белис (CiCi Bellis). 

Но тука не завршува успехот на Ѓорческа, бидејќи во 2017 година таа пак се појавува на Гренд Слем турнирор за отворено тениско првенство на Австралија! Лина постигнува поголем успех тука, победувајќи ги првите 2 квалификациски игри. Во 3та квалификациска игра таа изгубува против Стефани Фегеле.

Лина потоа продолжува да се наптреварува на Гренд Слем турнири, како тениските првенства на Франција и Вимблдон во 2017 година, и САД во 2018 година. Таа не постигнува некој преголем успех на овие турнири, секогаш запирајќи со изгуба на прва или втора квалификациска игра. 

Покрај овие турнири, Лина Ѓорческа ја презентира и самата Македонија на Фед купот, исто познат како Били Џин Кинг купот. И тука Ѓорческа има добар успех, и во поединечните наптревари, и во наптерварите по двојки. Моментално, Ѓорческа има 16 победи и 4 изгуби на Фед купот!

Земајќи ги во предвид и ITF натпревари и турнири во кои Лина Ѓорческа има учествувано, таа моментално има освоено 12 ITF титули во поединечни натпревари, и 45 ITF титули во натпревари по двојки! Највисок ранг кој го има постигнато Ѓорческа е во 2017 година, каде на ВТА (Женска Тениска Асоцијација) листата беше 170 место за поединечни, и 116 место за натпревари во двојки! 

 

Уште од почеток се знаше дека Ѓорческа ќе има добра тениска кариера, каде во 2013 беше прогласена за најдобра млада спортистка, а во 2016 за најдобра спортистка во цела Македонија. Таа сешуте продолжува да се натпреварува во главните тениски турнири за женски и да носи успеси за Македонија. Нејзините успеси и постапки се вистински извор на гордост за државата и се надеваме дека ќе продолжи да го води нашиот национален тенис кон нови висини!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.