Лото 7 државна лотарија правила

Во Македонија, има секакви разни игри на среќа каде што секој играч може да се пронајде себе си и да ужива. Една од тие игри во која што луѓе од сите возрасти се интересираат е државната лотарија Лото 7 игра!

Лото 7 играта се следи од многу луѓе поради нејзиното емитување на телевизија, каде што нови и нови играчи почнуваат да се запознаваат со нејзе. Но тие играчи најчесто не се запознаени со правилата на играта. Затоа тука ќе разгледаме како точно функционира Лото 7 и кои се правилата на играта!

 

Сѐ Што Треба да Знаете за Лото 7 Државната Лотарија

Пред да навлезиме во специфичностите на Лото 7 правилата, прво ќе видиме како точно се одвива и работи играта. Вие треба да одберете 7 бројки како што името наликува од 1 до 37 и да ја реализирате играта. Потоа треба да следете кои бројки ќе бидат извлечени или во живо, или самите да го проверете вашиот тикет онлајн на Лото 7 страната за проверка!

Можете да ги уплатете вашите Лото 7 комбинации физички во продажните места кои ја нудат играта низ Македонија, или онлајн на нивната веб страница. Доколку се одлучите да уплатете онлајн, треба прво да се регистрирате на веб страната од каде што може да ја играте државната лотарија.

 

Сега веќе треба да сте запознаени за како може да ја играте Лото 7 државната лотарија и како сами да проверите доколку сте добитник. Но како секоја игра, и тука има правила кои што вие мора да ги следите!

Главните Правила на Лото 7 Државната Лотарија

Првото правило за Лото 7 кое што мора да го напоменеме е дека само луѓе над 18 години можат да ја играат. Како и многуте други игри на среќа, не е дозволено малолетници во Македонија да ги коцкаат своите парични средства.

 

Доколку не сте малолетник и се одлучите да играте Лото 7, тогаш треба да ги знаете правилата зад самата игра. Па за да бидете добитник, треба да имате погодено минимум 4 бројки од извлечените 7. Што повеќе имате погодено, толку повеќе ќе биди вашата добивка, каде со погодена 7ка го добивате џек потот!

За комбинациите на добивки од 4 до 6 погодени бројки има и екстра правило наречено „Црвено Топче“. Тоа е специјално топче кое доколку се извлечи, ќе бидат дуплирани сите добивки освен за џекпотот, т.е 7ката. За погодена 4ка добивката е фиксна 200 денари, па доколку биде извлечено тоа црвено топче и вие имате добитно ливче со 4 погодени броеви, вашата добивка ќе изнесува 400 денари!

Има и екстра правила кои можат вас да ви помогнат за полесна игра, и тоа е системскиот начин на тикет. Имате шанса да играте скратени системски тикети од наведени 24 системи. Тука исто така може да се спомне дека ја имате шансата да изиграте 10 кола пред време, дали тоа ќе биде системски или со поединечни ваши игри!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.