Македонската прва лига е најпрестижната фудбалска лига во Македонија. Во неа се натпреваруваат најдобрите тимови во државата и почна да функционира кратко после прогласувањето незасивност. Првите натпревари се одржани во сезоната 1992/93 и е под покровителство на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ).

Моментално, во лигата се натпреваруваат 12 тимови. Низ годините, бројот на тимови се зголемувал или намалувал. Најголема бројка е достигната во сезоната 1995/96, кога се натпреварувале 15 тимови.
Сите тимови играат меѓусебно три пати, па на тој начин, бројот на натпревари во една сезона е 33. На крајот од сезоната, првопласираниот тим ја освојува лигата, но исто така игра квалификации за Лига на Шампиони.
Второпласираниот тим игра квалификации за Конференциската лига. Ниту еден тим од ПМФЛ не игра квалификации за Лига Европа. Последните два тима на табелата испаѓаат во втората лига а десетто-пласираниот тим игра бараж за опстанок. Баражот го игра со третопласираната екипа од втората македонска лига.
Најтрофејниот клуб во историјата на ПМФЛ е Вардар. Работнички и Шкендија имаат два пати помалку титули. Некои македонски екипи кои никогаш не ја освоиле титулата се Беласица Струмица, Металург Скопје и Милано Куманово.
Табелата на ПМФЛ е од огромно значење за секој фан на лигата. Scatter.mk ја носи табелата веднаш до вас и ви дава детален приказ на формата на секоја екипа, како и бројот на поени. Покрај тоа, ќе имате увид до бројот на изиграни натпревари, вкупен број на победи, нерешени и изгуби, како и број на дадени и примени голови.
Македонската прва лига нуди огромен број расплети и нејзината волатилност прави да е тешко да се предвиде кој ќе биде шампион оваа сезона. Шампионите, како и тимовите што испаѓаат и се приклучуваат кон лигата се разновидни и преку нашите статистики, ќе имате можност подобро да се запознатете со нив.
Покрај деталите за табелата, можете да пристапете кон нашите менија за вчерашни, денешни и утрешни натпревари. Вчерашните натпревари ќе ви дадат детални анализи на завршени натпревари од ПМФЛ. Тука можете да добиете увид кон резултатите од одредени натпревари, кои играчи постигнувале голови, во која минута биле постигнати головите, итн.
Денешните натпревари и утрешните натпревари ќе ви дадат приказ до настаните кои ќе се одржат денес и утре. Scatter.mk ве зближува со светот на фудбалот и со македонската прва лига.
Табелата и деталните прикази околу формата на секот тим можете да ги гледате и вашиот мобилен уред. Нашата веб страна е оптимизирана за мобилна употреба и нема да имате никаков проблем да пристапете кон неа од вашиот Android или iOS уред.
Сите настани на нашата страна се своевремено ажурирани. Благодарение на тоа, секогаш ќе ги имате најновите податоци од ПФМЛ, а и од сите останати лиги во Балканот, Европа и пошироко.
Следете ги најновите настани во ПМФЛ
Следете ја страната на Scatter.mk и бидете во тек со најновите настани во фудбалската прва лига во Македонија и користете ги нашите податоци за да ги предвидете идните исходи во оваа престижна лига. Нашите информации можат да бидат од огромен бенефит за фановите на спортско обложување. Датотеката може да ја користете за да донесете стратешка одлука околу вашиот следен облог.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка