Скоро сите обложувалници во Македонија нудат некаков начин на креирање на спортски тикет онлајн. Една од тие обложувалници што нудат обложување со правење на спортски тикет баш на нивната почетна страна е Mozzart. Затоа тука ќе видиме се што треба вие да знаете околу почетната страна за обложување на Mozzart!
Што е почетната страна за обложување на Mozzart?
Почетната страна за обложување на Mozzart претставува веб страница на која се претставени многу разни спортски натпревари и нивните коефициенти. Коефициентите се актуелни и поставени од самата кладилница Mozzart.
Првично, на почетната страна може да ги видите само некои едноставни коефициенти, како да победи тим 1, тим 2, или пак натпреварот да заврши нерешено. Но со кликање и селектирање на самите натпревари може да ги разгледате сите шанси за игра и нивните коефициенти.
Потоа на левиот дел од почетната страна за обложување на Mozzart може да селектирате кои понуди и натпревари да ви се прикажат. Тука ви е дадена шансата да селектирате да ви се прикажат понудите на натпреварите за даден временски период, како за текот во денот или сите понуди. А може да одберете да ви се прикажат натпреварите и квотите по даден спорт. Mozzart нуди многу понуди за секакви спортови, како фудбал, кошарка, хокеј, тенис, па дури и е-спортови.
Како да направите спортски тикет на Mozzart почетната страна за обложување
Mozzart кладилницата ви нуди можност да креирате спортски тикет на почетната страна за обложување, каде потоа ќе ви биде даден код. Со прикажување на тој код во еден од шалтерите кај физичките локации на Mozzart, може да го уплатите тикетот со спортските натпревари и квотите што сте ги одбрале!
За да го креирате овој спортски тикет, треба да ја кликнете квотата кај натпреварот на кој сакате да се обложувате. Потоа тој ќе биде автоматски додаден на тикетот кој доколку го креирате на мобилен телефон може да го проверете со одбирање на „Обложување“ опцијата што се појавува најдолу на телефонот. Доколку сте на компјутер, тикетот и натпреварите ќе ви бидат прикажани на десната страна од веб прелистувачот.
Небитно дали сте на телефон или компјутер, кога сте кај делот од страната за вашиот ново креиран тикет може да одберете како сакате самиот тикет да го одиграте. На овој дел од страната најгоре може да селектирате дали сакате тикетот да го одиграте обичен, или пак системски. Доколку селектирате спорскиот тикет да ви биде системски, тогаш екстра опција ќе биде додадена да го селектирате системот зависно колку натпревари сте одбрале!
Подолу од страната за вашиот креиран тикет има и опција „Уплата“. Тука внесувате број со колку денари сакате да го уплатите тикетот. Со внес на бројот, ќе ви биде пресметана и прикажана можната добивка на тикетот кој сте го креирале.
На крај, од кога ќе го креирате спортскиот тикет и ја внесете сумата на уплата, треба да кликнете на големото сино копче „Уплати“. Тоа ќе ви генерира код кој може да го прикажете на шалтер на уплатните места на Mozzart кладилниците за да го уплатите и добиете тикетот!
Дополнителни информации околу одбирање квоти на натпреварите
Доколку квотите кои се прикажани на почетната страна за обложување на Mozzart не ве задоволуваат, тогаш може да кликнете на било кој натпревар за да ги разгледате сите квоти што кладилницата ги нуди.
За поголемите фудбалски и кошаркарски лиги и натпревари, оваа кладилница секогаш има голем број на квоти од кои можете да одберете за да го одиграте натпреварот.Како на пр. одигрување на резултат во прво-второ полувреме, погодување на вкупен број на голови, а кај кошарката може да одберете и вкупен број на кошови за даден играч.
Но понудените квоти и натпревари за даден спорт многу може да варираат. Иако Mozzart кладилницата нуди кладење на е-спортови, натпреварите и игрите се во помал број. И обично кај е-спортовите на почетната страна од Mozzart може да се кладите само дали да победи тим 1 или тим 2.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка