Кој е Новак Ѓоковиќ?

Во сите спортови кои се играат и гледаат на светско ниво, секогаш мора да има најак играч. Кога станува збор за тенис, едно име мора да биде наведено, и тоа е Новак Ѓоковиќ. Тој е еден од најдобрите, а може да се каже и најак тенисер со неговата доминација на спортот. Доколку ве интересира кој е Новак Ѓоковиќ, тогаш не се грижете бидејќи тука ќе ги разгледаме неговите успесите и кариера постигнати во тенис!

Општи Информации за Новак Ѓоковиќ

 

Новак Ѓоковиќ е србин по потекло, и тој е роден на 22 мај 1987 година во Белград, Србија, а во тоа време СФР Југославија. Тој е врвен спортист владеејќи на светско ниво во играње на тенис, освојуваќи над 93 титули и победувајќи многу Гренд Слем турнири против други најдобри играчи како Роџер Федерер! Покрај тоа, Новак Ѓоковиќ е и фамилијарен човек со неговата жена Јелена Ристиќ и 2 деца Стефан и Тара.

Почетокот на Кариерата на Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ започнал да игра тенис од многу рана возраст од 4 години. Потоа на 12 години играл и тренирал во академија за тенис во Германија. Па на негови 14 години тој првпат се натпреварувал на европско ниво на Дејвис Купот за младинци! Тоа го означува почетокот на неговата професионална кариера, од каде во наредните години Новак ќе се пласира и игра во разни познати Гренд Слем турнири во 2006. Но во наредните години, Новак Ѓоковиќ веќе почнува да се докажува како еден од топ 10 најдобри тенисери во светот…

 

Професионалната Кариера и Успеси на Новак Ѓоковиќ

Иако до 2008 година Новак Гоковиќ секогаш успевал да стигне далеку во главните турнири, како до полуфинале, годината 2008 ја означува првата значајна победа на младиот Новак. Тогаш тој го освојува неговиот прв голем трофеј на Australian Open турнирот! Од тој момент па натаму следуваа уште трофеи и постигнувања, и неговиот талент беше забележан од целиот свет!

Потоа друг важен момент во кариерата на Новак Ѓоковиќ се случува меѓу 2011 и 2013 година. Во тие години тој освои три последователни Australian Open титули, како и Wimblеdon во 2011 година. Секако, ова не беше крајот на неговата доминирачка кариера бидејќи Новак од тој момент сеуште продолжува да освојува титули во рамките на светските турнири за тенис.

 

Кога доаѓа до збор за светски познати турнири по тенис, тогаш се мисли на Гренд Слем турнирите како Australian Open, US Open, Wimbledon, и Rolan Garos. Па на овие турнири низ годините Новак Ѓоковиќ има победено: 10 титули на Australian Open, 3 титули на US Open, 7 титули на Wimbledon, и 2 титули на Rolan Garos.

Со над 22 големи трофеи во сите големи гранд слемови како што видовме горе, Новак Ѓоковиќ ги постигна најголемите успеси во историјата на тенисот. Ѓоковиќ постави нов рекорд, заедно со Рафаел Надал и Роџер Федерер, како играч со најмногу освоени големи трофеи!

Во иднината, сигурни сме дека ќе видиме уште многу од Новак Ѓоковиќ. Тој продолжува да се бори за нови рекорди и да ги надминува своите граници. Затоа, сите гледачи и фанови на тенисот треба да го следат овој голем шампион и да очекуваат уште неверојатни моменти во неговата кариера!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.