Пинокио (Pinocchio) Игра на Слот Апарати

Иако постојат многу различни слот игри кои може секој играч да ги одигра, секогаш мора да се одбере само една за вашиот влог од парични средства. Една слот игра во која што може да би биле заинтересирани е Пинокио (Pinocchio) видео слот играта. Па доколку ве интересира оваа игра, тука ќе видиме се што треба да знаете околу слот играта Pinocchio!

Општи информации за Pinocchio слот играта во Македонија

 

Pinocchio е слот игра на апарати која е издадена од страна на BetSoft провајдерот. Моментално, таа не е достапна во македонските онлајн кладилници или пак физички казина. Тоа е бидејќи BetSoft провајдерот на слот игри не е многу застапен во државата.

Едно македонско онлајн казино што започна да нуди слот игри од BetSoft провајдерот е 2Win. Но засега Pinocchio играта не е сеуште достапна кај 2Win онлајн казиното. Но неколку онлајн обложувалници кои не се македонски, но достапни во Македонија каде ја има слот играта Pinocchio се 20Bet, 22Bet, и 1XBET. Ќе мора да регистрирате корисничка сметка во секое од овие онлајн казина и обложувалници за да уживате во Pinocchio играта!

Колку верзии има слот играта Pinocchio?

 

Моментално Pinocchio слот играта содржи само една верзија која содржи во себе 5 колони и може да се одигра до 15 линии. Онлајн казината кои ја нудат Pinocchio обично нудат и промена на колку линии сакате да ја играте. Кај тестираните онлајн казина спомнати погоре, слот играта Pinocchio ви овозможува да одберете да играте на 1, 3, 5, 7, 9, и 10 до 15 линии.

Една работа која треба да ја запамтите е тоа дека има повеќе провајдери кои нудат слот игра по истото име Pinocchio. Иако и тие се слот игри, не претставуваат различни верзии на Pinnochio слот играта од провајдерот BetSoft, која е воедно и најпопуларна игра по исто име кај играчите!

Како функционира Pinocchio? Правила на слот играта

 

Оваа слот игра има повеќе комплициран начин на игра за разлика од други, но лесно може да се разбере. Првично има разни симболи, од кои помалце платените претставуваат букви како A, Q, J, K, a повеќе платените симболи се тематски поврзани со приказната на Пинокио, каде истиот е најплатен а воедно и специјален симбол. Играта има и 3 вида на скетери кои се претворуваат во „wild“ симболи зависно играта, и тие скетер симболи се „Џузепе“, „Книга“, и „Вагон“.

Прво ќе го објасниме најдобро платениот симбол „Пинокио“. Тој има 2 вида, каде може да биде „дрвено“ и „вистинско“ момче. Играта започнува со овој симбол како „дрвено“ момче, па кога се појавува низ колоните, може да содржи и „вистинско“ момче. Доколку Пинокио симболот се појави заедно со „вистинско“ момче 5 пати, тогаш ќе се претвори во вистинско момче. Тогаш овој симбол функционира и како „wild“ симбол каде може да ги заменува останатите симболи!

Кога Пинокио симболот е „вистинско“ момче, може да се појавува заедно со „дрвено“ момче. Па истата логика функционира како и претходно: доколку се појават 5 „дрвени“ момчина заедно со појавувањата на „вистинските“ момчина, Пинокио симболот ќе се врати назад во дрвено момче и нема повеќе да ги заменува и другите симболи покрај исплатата што ја нуди со нормално поврзување во линиите. Појавувањата на овие дрвени и вистински момчина може да се следи најдолу во самата игра.

Слот игра Pinocchio

Потоа го имаме „Џузепе“ скетер симболот кој може да се појави на 1ва, 3та, и 5та колона и носи мала исплата. Но кога ќе се појави специфично на 3та колона, „Џузепе“ скетер симболот се претворува во „wild“ симбол. Со самите вртења на слот играта, „Џузепе“ сега претворен во „wild“ симбол се движи низ колоните додека не исчезне додека ги заменува другите симболи за добивка.

После го имаме скетер симболот „Книга“ кој може да се појави на 2ра и 4та колона. Тој носи мала исплата, но доколку се појави 10 пати кроз вртењата, тогаш се активира нов вид на игра кој ви дава 8 бесплатни вртења.

 

Доколку се оствари добивка во тие 8 бесплатни вртења, тие не се намалуваат! Ќе се намалат само доколку вртењето е без добивка. Книгата во овој вид на игра функционира како „wild“ симбол кој се појавува на 1ва, 3та, и 5та колона и се движи низ колоните заменувајќи ги другите симболи. После 8те вртења ќе бидете вратени во нормалниот вид на игра. Може да го следете бр. на појавување на книгите долу од слот играта.

Скетер симболот „Вагон“ функционира исто како и „Книга“ симболот, каде со 10 појавувања сте воведени во нов вид на игра со 8 бесплатни вртења. Но во овој вид на игра доколку „Вагон“ симболот се појави во 3та колона, целата колона ќе се претвори во „wild“ симболи заменувајќи ги останатите симболи! Бр. на појавувањата на „Вагон“ симболот исто така може да се следат на долниот дел од слот играта.

И како за крај Pinocchio слот играта нуди и помагало „самовила“. Таа самовила може да се појави кога било, и да заврти цела колона во случај да сте блиску до добивка. И оваа самовила никогаш не ви одзема од бројот на обичните или бесплатните вртења!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.