Во Македонија, има добри кладилници кои постојат во државата веќе со многу години. Па играчите имаат многу доверба во тие кладилници заради статусот кој го имаат направено. Една таква кладилница е Евротип. Затоа тука ќе видиме што нуди кладилницата Евротип, и дали вие треба да ги одиграте вашите пари кај нив!

Информации за Кладилницата

 

Пред да стани позната под името Евротип, оваа кладилница пред 2015 год. одеше под надзивот Еврогол, во која година го менуваат името и брендот. Тие имаат лиценца издадена од владата на Македонија, па слободно може да имате доверба во кладилницата.

Една работа за која Евротип е позната кај играчите е големиот избор на спортски натпревари и екстра тип натпревари со предобри коефициенти. Тие нудат и казино слот игри заедно со промоции и бонуси кои ќе ги разгледаме доле!

Како да Регистрирате Корисничка Сметка во Евротип

 

За да креирате корисничка сметка кај Евротип, прво ќе треба да се упатите на нивната веб страна. Потоа ќе кликнете на копчето „Регистрирај се“ кое се наоѓа десно на врвот од веб страницата. Тоа ќе ве упати на нова страна каде ќе треба да внесете е-маил адреса и лозинка.

После завршување на регистрацијата, ќе ви пристигне меил на вашата е-маил адреса за да ја активирате корисничката сметка. Сега веќе имате корисничка сметка, но ќе мора да ја завршите регистрацијата со најавување и кликање на „Заврши регистрација“ кое се наоѓа на врвот од веб страната. Тоа ќе ве воведе на нова страна каде ќе треба да внесете дополнителни информации, како број на лична карта, матичен број, итн.

Евротип во овој момент не нудат онлајн игра на спортски тикети или казино игри, па корисничката сметка ќе ви служи како олеснување за следење бонуси и тикети. 

 

Бонус за Добредојде во Евротип за Спортски Тикети

Моментално Евротип не нуди бонус за добредојде за нивните играчи. Но сепак кладилницата има други разновидни бонуси и промоции кои може да ги пронајдете со кликање на симболот со мал подарок десно на врвот од Евротип веб страницата.

Бонус за Добредојде во Евротип за Казиното

Кога доаѓа до збор за казино игрите на Евротип, тие нудат само слот игри на апарати од Државна Видео Лотарија на Македонија (VLT). А бонус за добредојде за новите играчи не нудат на нивните казино слот игри. Често знаат да нудат бесплатни ваучери за специјални настани или празници кои можете да ги видете на линкот со мал подарок сено на врвот од страната.

Како да се регистрирате на Евротип

Слот Игри на Апарати во Евротип

 

Како што спомнавме, Евротип ги користи апаратите на VLT, кои може да се каже дека се едни од најпознатите машини во државата. Тие доаѓаат со разни овошни и бонус игри, каде некои игри имаат и повеќе верзии со повеќе линии. Некои слот игри што ќе ги најдете на VLT апаратите во Евротип се „Super Hot“, „Burning Hot“, „Dice and Roll“, „Olympus Glory“, и др.

Начини на Уплата и Исплата во Евротип

Сега за сега играњето во Евротип функционира само во нивните физички локации. Па уплатата и исплатата се врши директно на шалтер во живо во некој од нивните кладилници.

За уплата на спортски тикет, прво може да го напишете на ливче со кодови од билтенот и да го предадете на шалтер со вашата уплатна сума. Исто така може да креирате тикет на Евротип веб страницата, каде ги бирате квотите на натпреварите и притискате на копчето „Уплата“. Тоа ќе ви даде код кој со предавање на шалтер заедно со вашата сума ќе ви биде исвршена уплатата.

VLT апаратите исто така ќе ги најдете во нивните физички кладилници, каде вашите парични средства може да ги внесете директно во машината. Потоа кога ќе завршите со игра, со притискање на „Cashout“ копчето на самиот апарат ќе ви биде испринтан тикет, кој со предавање на шалтер ќе ви биде направена исплатата во ќеш.

Како да Уплатите и Исплатите од Вашата Казино Корисничка Сметка

Евротип нема посветена корисничка сметка за нивните казино слот игри од VLT како што би имале некои други кладилници. Играта директно се извршува во живо на апаратите кај нивните кладилници. 

Евротип бонус

Мобилна Верзија од Казиното на Евротип

Доколку ја отворите веб страницата на Евротип во веб пребарувачот на вашиот мобилен телефон, ќе бидете благо изненадени! Страната има предобар приказ на сите опции што ги нудат, а воедни и натпреварите заедно со нивните квоти.

Со бирање на квота на натпревар ја додавате во вашиот тикет. На најдолниот дел од телефонот сѐ им е направено добро, каде може да одбирате помеѓу обични спортски натпревари, натпревари во живо, а воедно и да го погледнете вашиот тикет со квотите кои сте ги одбрале, од каде може да направите уплата каде ќе ви биде даден кодот за приказ на шалтерите за уплата!

Казино Мобилни Апликации за iOS и Android

Во овој момент Евротип не нуди мобилни апликации за Android и iOS уредите. Но тоа не е сосема лошо бидејќи нема да имате проблем со нивниот приказ на веб страницата од веб пребарувачот на вашиот мобилен телефон.

Дали Евротип има Физички Казина?

Како што спомнавме погоре, вие можете да се коцкате на слот апаратите или да ги одиграте вашите спортски тикети само во физичките локации на Евротип. Тие имаат отворено кладилници на многу локации во многу градови низ Македонија. Истите може да ги најдете со кликање на „За нас“ линкот кој се наоѓа најдолу од веб страницата.

Регистрациjа Евротип

Поддршка и Чат во Живо

Ако ви треба помош околу некое прашање за кладилниците на Евротип, може да ги исконтактирате на нивниот мобилен телефон „+38978370494“, или пак на нивната е-маил адреса „support@evrotip.mk“. Доколку не стапите во контакт со нив онлајн, може да побарате поддршка директно од нивните шалтери.

Севкупен Преглед и Оценка за Евротип. Можеме ли да Веруваме во Евротип?

Слободно може да се каже дека Евротип е една од најдобрите кладилници во Македонија за секој играч со многу локации низ државата. Нудат спортски натпревари со добри коефициенти и разни промоции и бонуси кои не може да се одбијат. Играчите веќе со години имаат доверба во оваа кладилница, па да, и вие може да имате доверба во Евротип!

Често Поставувани Прашања (FAQ)

Која е минималната уплата во Евротип? Минималната уплата на еден спортски тикет во кладилницата е 20 денари, а 1 денар по комбинација. Додека на VLT машините во нивните локации минималната уплата е најчесто 100 денари. Зависно апаратот, некои примаат и 50 денари.

Која е максималната исплата во Евротип? Максималната исплата во Евротип функционира различно од другите кладилници за спортски тикети. Доколку имате 31+ натпревари на спортскиот тикет, тогаш максимална исплата е 10,000,000 денари. Ако имате 16-31 натпревари, тогаш макс. иплата е 6,000,000 денари, и за 1-15 натпревари макс. исплата е 2,000,000 денари.

Што се Екстра Тип натпревари и како функционираат истите? Екстра тип натпревари се натпревари кои имаат поголем коефициент од нормално. Доколку сакате да вметнете екстра тип натпревар во вашиот тикет, мора да имате минимум 4 други нормални натпревари.

4,3 rating

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Евротип: Преглед на Кладилницата во Македонија
4,3 rating
4.3/5
Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.