Златна Копачка е еден од најпознатите брендови за спортско обложување во Македонија. Брендот е во сопственост на еден од најдобрите фудбалски играчи во историјата на нашата држава – Дарко Панчев. Иако овој бренд има онлајн присуство, процесот на обложување не е баш ист како кај стандардните сајтови за коцкање.

Како да регистрирате профил во Златна Копачка

Иако регистрирањето не е потребно за да се обложување во Златна Копачка, сепак можете да го комплетирате процесот. Нема да ви одземе повеќе од една минута и се состои од неколку едноставни чекори.

 
Како да регистрирате профил во Златна Копачка

Кликнете на копчето за регистрација

Отворете ја официјалната страна на Златна Копачка. Кликнете на копчето за регистрација кое е лоцирано во горниот десен агол. Почекајте да се отвори новата страна во која ќе треба да ги пополнете бараните полиња.

Пополнете ги полињата за вас

Златна Копачка ќе ви ги побара следните информации: име и презиме, меил, ЕМБГ, датум на раѓање, број на лична карта и лозинка. Дополнителни информации како што се град, адреса и телефон не се неопходни. Пополнете ги полињата и продолжете кон третиот чекор.

Прочитајте ги правилата на игра

Пред да го комплетирате процесот, кликнете на копчето за услови и правила на игра. Прочитајте ги правилата за да знаете како Златна Копачка функционира. Со прифаќање на условите на игра потврдувате дека имате и над 18 години.

 

Комплетирајте го процесот

Прегледајте ги информациите уште еднаш за да се осигурате дека се точни. На крај, одете на дното на страната и комплетирајте го процесот.

Спортски бонус за добредојде

Со оглед на тоа дека Златна Копачка е физичка обложувалница, нема никаков спортски бонус за добредојде. Повремено, брендот знае да лансира некои турнири со награди за учесниците, но нема специфична награда за нови онлајн играчи.

Казино бонус за добредојде

Казино бонус за добредојде е исто така недостапен на страната на Златна Копачка.

 
Казино бонус за добредојде

Процес на обложување во Златна Копачка

Процесот на обложување на официјалната страна на Златна Копачка е сличен како и во сите други македонски физички обложувалници кои имаат онлајн присуство. Обложувањето има неколку рестрикции.

Иако имате дозвола да креирате тикет, Златна Копачка не во дозволува да ставите влог онлајн. Наместо тоа, креирате тикет и откако ќе го испратете, добивате код. Тој код го користете на шалтер во една од физичките обложувалници на Златна Копачка.

Кешиерите го генерираат кодот и добиваат пристап до вашиот тикет. На вас останува само да кажете кој е вашиот влог.

Откако ќе го добиете тикетот, можете да ја користете страницата на Златна Копачка за да го проверете вашиот статус и да видете дали сте добитен или не. За да го направите тоа, едноставно одете на менито ,,Проверка Тикет”. Откако ќе го внесете годот, сајтот ќе ви ја прикаже моменталната состојба.

Вреди да се спомне дека Златна Копачка има картички за лојалност кои можете да ги користете за да добиете и специјални бенефити при уплаќање. Овие картички ги презентирате кога уплаќате.

 

Платежни средства во Златна Копачка

Со оглед на тоа дека сајтот на Златна Копачка не прифаќа облози, нема никакви платежни средства. Кога се обложувате во физичките обложувалници на овој бренд, можете да уплаќате само со кеш. Картичките во македонските обложувалници не се прифатени како платежно средство.

Мобилна верзија на Златна Копачка
Mobilna verzija na Zlatna Kopačka

Мобилна верзија на Златна Копачка

Златна Копачка има мобилна апликација која можете да ја инсталирате вашиот Android уред. Достапна е на Google Play Store. Оваа апликација ја чува вашата лојална картичка и преку неа можете да го проверете статусот на вашиот тикет, број на поени, итн. За да ја инсталирате, пристапете кон Google Play Store и пребарајте го следниот клучен термин: ,, ZKclubCard”. Апликацијата е бесплатна и откако ќе ја спушетете, таа автоматски ќе се инсталира.

Дали Златна Копачка има физички обложувалници во Македонија?

Златна Копачка има присуство во голем број градови низ Македонија. Најголемото присуство го има во Скопје. Дел од населбите каде што Златна Копачка има свои обложувалници се Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош 1 и Драчево.

Гевгелија, Тетово, Кочани, Охрид, Струга, Пробиштип, Струмица и Кавадарци се исто така дел од градовите каде што можете да најдете обложувалница од овој бренд. Златна Копачка има над 90 локации низ Македонија.

Корисничка поддршка

Доколку имате некој проблем, корисничката поддршка на Златна Копачка е достапна преку меил и телефон. Меил контактот е support@zlatnakopacka.mk. Доколку сакате да зборувате со агент, можете да се јавите на 071/389-687. Работното време на телефонскиот контакт е:

  • Понеделник-петок: 09:00 до 21:00 часот
  • Саботоа и недела: 09:00 до 17:00 часот

Официјалната страна на Златна Копачка има и страница за често поставувани прашања. Тука можете да најдете одговори на голем број прашања од страна на играчите. Алтернативно, можете да посетете некоја од обложувалниците и да зборувате со кешиерите.

Заклучок и рецензија за Златна Копачка – Дали можеме да и веруваме на Златна Копачка?

Златна Копачка е еден од најпознатите брендови за спортско обложување во Македонија. Кога се обложувате тука, ќе уживате огромна покриеност на пазари. Речиси секој спорт кој може да го замислете е достапен.

Заради моменталните закони за онлајн коцкање во Македонија, Златна Копачка не прифаќа обложување на својата официјална страна. Тука можете само да генерирате тикети и да ги уплаќате во физичка обложувалница.

Златна Копачка Регистрациja

ЧПП

Дали Златна Копачка има мобилна апликација?

Златна Копачка има мобилна апликација, но таа се однесува само на лојалната картичка. За да ја инсталирате на вашиот Android уред, мора да ја отворите Google Play Store и да пребарате со клучната фраза ,, ZKclubCard”.

Дали можам да се обложувам на страницата на Златна Копачка?

Нажалост, не можете да се обложувате на страницата на Златна Копачка. Тука можете само да генерирате тикет. Откако ќе го направите тоа, добивате код кој го прикажувате на физички шалтери на обложувалницата.

Кои платежни средства можам да ги користам кога се обложувам во Златна Копачка?

Кога се обложувате во Златна Копачка, можете да користете само кеш како платежно средство.

Какви бонуси нуди Златна Копачка?

Златна Копачка има одредени турнири и промоции, но сите се ограничени. Имаат ограничено времетраење и секогаш се различки. Сè зависи од периодот во кој сакате да се обложувате и да добивате бонуси.

Дали Златна Копачка нуди казино игри?

Некои физички обложувалници на Златна Копачка имаат VLT машини, што значи дека можете да играте казино игри.

4,0 rating

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Златна Копачка: Преглед на Кладилницата во Македонија
4,0 rating
4.0/5
Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.