Што е Релоад Бонусот

Доколку сте редовен играч на игрите на среќа во казината и обложувалниците, најверојатно сте запознаени со многуте бонуси што ги нудат. Од мини џекпоти, до бесплатни тикети на натпревари, постојат секакви бонуси за секој тип на играч. Еден од нив за кој што може сте слушнале е Reload бонусот.

Овој бонус е повеќе познат во светот на онлајн казината, но некогаш го нудат и обложувалници за игра во живо. Доколку не го знаете овој бонус, тука ќе видиме што точно означува Reload бонусот и како да го искористете во ваша полза!

 

Што е Релоад Бонусот и Зошто е Важен за Казината?

Ако сте регистрирани со сметка или акаунт во некоја обложувалница, тогаш може да ви следи Reload бонусот. Тоа е бидејќи Reload бонусот се активира кога некој играч веќе има играно и направено депозит во обложувалницата кој го нуди самиот бонус!

За да го реализирате овој бонус, мора веќе да имате корисничка сметка/акаунт и да имате направено некаква уплата или депозит. Затоа Reload бонусот се смета како начин за покажување на лојалност спрема редовните играчи во обложувалниците. Тој може да претставува бесплатни вртења на игрите на среќа или слободни тикети со натпревари.

 

Кога Reload бонусот е активен, тој функционира така што дава најчесто процентуална екстра добивка според направени уплати во даден период. На пример, ако играчот направи депозит од 100 денари на својата сметка, казиното може да му додели Reload бонус од 50% или 50 денари!

Како да го Искористете Релоад Бонусот во Обложувалница

Прво и најбитно за да го искористете овој бонус каде што е понуден, мора веќе да бидете регистриран корисник. Потоа треба да ги разгледате сите разни правила кои важат за да биде активиран Reload бонусот.

 

Едно битно правило кое што 90% од Reload бонусите го имаат е минимален депозит. Па ќе треба да ја направите таа минимална уплата за да ги користите придобивките од бонусот. Пр. доколку мин. уплата е 500 денари, тогаш не можете да го активирате со уплата од 100 денари на вашата корисничка сметка.

Исто така може да има правило и за максимален депозит. Тоа е за казината да не одат во загуба. Тоа може да се види во Reload бонусот кој што го нудеа Sportlife назад во 2020 година. Тука играчите можеа да подигнат максимум 3000 денари од самиот бонус.

Со овој пример може да спомнеме дека треба да го запазите и датумот до кога е активен Reload бонусот. Може да биде во одреден период, или пак само на еден ден. Затоа најдобро е да ги прашате вработените во кладилницата или казиното најдобро да ви го објаснат тој Reload бонус што самите го нудат!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.