Најдобри Казина во Скопје Македонија

Главниот град на Македонија, Скопје преовладува со голем број на казина со различни големини и капацитет распространети низ повеќе локации во градот. Секое од овие казина има свои специфични квалитети кои играчите ги препознаваат, што го прави изборот на неколкуте најдобри казина тешка задача.

Со цел да го подобриме вашето играчко искуство во продолжение ќе ги издвоиме казината кои се сметаа за најдобри од голем број на аспекти како широкиот спектар на игри, високиот квалитет, грижата за своите играчи, големината на добивките и многу други!

 

Казино Flamingo

Најпретпознатливото казино на оваа листа е казиното Flamingo кое се наоѓа во самиот центар на градот, на плоштадот „Македонија“ во склоп на хотелот „Мериот“ познат како еден од најдобрите хотели во државата.

Ова казино е често посетувано од туристи и домашни играчи и претставува најголемо казино во Скопје што придонесува за неговата атрактивност.

 

Flamingo казиното се состои од 4 спратови од кои на првиот се наоѓаат слот машините кои се придружени со бар во кој се нудат најразлични висококвалитетни пијалоци и прекрасна мала бина на која често се оддржуваат концерти и забави со цел да се подобри искуството на играчите. На вториот спрат повторно се наоѓаат слот машини и бар и дополнително има и VIP област наменета за најверните играчи. На третиот спрат се наоѓа прекрасен голем бар во кој може да уживате во текот на вашиот престој во казиното и на четвртиот спрат се наоѓаат традиционалните игри на маса како Амерички Рулет, Блекџек, Покер и други за кои дополнително има и VIP област. Исто така овој спрат е збогатен со прекрасен поглед кон проштадот „Македонија“.

Во Flamingo често има многу промоции кои овозможуваат огромни добивки и истите најдобро може да се видат на официјалната веб страна. Гостопримлив и професионален персонал се само дел од одликите на ова казино. Постојано се надоградува со нови игри и машини што го прави едно од најдобрите и најлуксузните казина во Скопје!

Le Grand Казино

 

Покрај кејот на реката Вардар во рамките на хотелот Холидеј Ин се наоѓа Le Grand казиното кое е едно од најголемите и најатрактивните казина во градот.

Казиното преовладува со голем број на игри, како од слот машини, така и од традиционални игри на маса помеѓу кои се издвојуваат Медитерански, Омаха и Тексас Холдем покер, како и Амерички Рулет и Блекџек 21 на кои играчите може да остварат големи добивки. Исто како и претходното казино, и тука има и VIP простории за најверните играчи и оние кои сакаат да ја однесат играта на повисоко ниво!

Во последниот период казиното е збогатено со голем број на нови игри и слот апарати кои се достапни на играчите.

Казиното нуди голем број на можности за добивка и дополнително има организирано настани како „Ladies Night“ кое се оддржува секоја среда, турнири во Тексас Покер и многу други. За најновите вести и информации може да ги следете социјалните мрежи на Le Grand казиното и нивната официјална веб страна. Ова казино има повеќе од 25 години успешно искуство со игрите на среќа во живо што го прави едно од најдобрите казина во Скопје.

Apex Казино

Apex Казино

 

Покрај повеќето локали кои ги има Apex, едно од нивните подобри казина се наоѓа на атрактивна локација во самиот центар на градот на плоштадот „Македонија“ близу Градскиот Трговски Центар.

Иако станува збор за електронско казино сепак не се чувствува некоја огромна разлика, туку напротив е овозможен огромен број на игри со посебен акцент на традиционалните игри на маса како електронски рулет и слот машините кои може да бидат недостапни во останатите казина. Тоа е бидејќи ова казино содржи и споствени игри и слотови кои припаѓаат само на брендот APEX. Најзастапени се EVO игрите во апаратите кај Apex казината. 

Истото Apex казино е достапно на уште 5 локации низ градот, како Влае, Центар, Аеродром, Лептокарија и Кисела вода и претставува светски бред за казина кој е застапен во повеќе од 70 држави ширум светот што овозможува високи стандарди на квалитетот на игра за неговите играчи!

Winner Казино

Winner казиното е едно од најновите казина во Скопје и се наоѓа во населбата Кисела Вода. Казиното е претпознатливо по убавиот и модерен ентериер и пријателски настроените вработени поради што ова казино се наоѓа на листата. Секако тоа не е единствената причина за тоа! 

Во Winner казиното преовладуваат слот машините, најчесто VLT апаратите чии игри се добро познати кај големиот број на играчи. Исто така достапни се и традиционалните игри на маса кои се електронски овозможени и истите може да се погледнат на веб страната на казиното. Winner казиното исто така овозможува и програма на лојалност со која играчите може да добиваат поени и истите подоцна да ги искористат за најразлични придобивки. 

Постои и тн. Happy Hour кој се активира во специфични денови од неделата и за време на истиот играчите имаат можност да играат за добивка која е неколку пати поголема од нормалната. Постојат уште 3 локации низ Скопје каде е достапно ова казино како Влае, Карпош 1, и Скопјанка.

Адмирал Казино

Адмирал Казино

Едно од најраспространетите казина низ Скопје и најзастапено казино на ниво на државата е токму Адмирал казиното кои може да се пронајде на повеќе од 10 локации низ градот во скоро секоја населба. Ова казино е достапно повеќе од 14 години и е дел од групацијата NOVOMATIC која е светски познат бренд во светот на игрите на среќа.

Казиното нуди голем број на игри од кои најзастапени се слот машините Gaminator кои се стандард за слот апарати во огромен број на казина ширум светот, и електронскиот рулет кој е најчесто омилен помеѓу играчите

Адмирал е казино во кое преовладува добра атмосфера и во кое се достапни бесплатни пијалоци во баровите. Често се нудат најразлични промоции како џекпотови на секој час, Ladies Night, празнични понуди и слично кои може да ги следите на официјалната веб страна или пак на социјалните мрежи на самото Адмирал казино.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.