За генералните фанови на спорт, шпанската Ла Лига е само една лига во која играат Реал Мадрид и Барселона. Но за фудбалските фанови, оваа лига е домот на голем број од најдобрите играчи во историјата на прекрасната игра.

Еден мал дел од најпознатите имиња кои имале шанса да блескаат тука се Луис Фиго, Роналдо Назарио, Роналдињо, Гризман, Диего Годин, Лука Модрич, Чави, Андрес Иниеста, како и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Низ историјата, шпанските екипи најдобро се покажувале на интернационалните турнири. Земете го Реал Мадрид како најдобар пример. Бројот на титули кои Реал Мадрид ги има во Лигата на Шампионите е двојно поголем од второпласираната екипа. Исто, Реал Мадрид беше првата екипа која успеа да ја освои Лигата на Шампоините во три последователни наврати.
Во поглед на лигата, најголеми конкуренти се токму Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид. Неколку екипи кои се исто така предизвик за тронот се Виљареал, Мајорка и Џирона. Шпанската Ла Лига има вкупно 20 екипи.
Во текот на една сезона, сите екипи играат меѓу себе два пати. Заради тоа, вкупниот број на натпревари е 38. Екипата со најмногу поени ја освојува лигата, а првите четири екипи добиваат автоматски пласман во Лигата на Шампионите.
Петтопласираната екипа добива влез во Европа Лигата, а шестопласираната екипа се натпреварува во Конференциската лига. Трите последно рангирани екипи испаѓаат во втората шпанска лига и се заменети со трите првопласирани екипи од тој ранг.
Шпанската Ла Лига беше основана во 1929 година и од тогаш, ова престижно натпреварување било дом на преку 60 екипи. Според коефициентите на ранкинг, лигата беше на врвот во Европа седум последователни години (2013-2019).
Во периодот измеѓу 1929 и 1934, во лигата се натпреварувале 10 екипи. Форматот се зголемува на 12 екипи во сезоната 1934/35. Врвот во поглед на квантитет го достигнува измеѓу 1995 и 1997, кога тука се натпреваруваат 22 екипи. Денешниот формат е непроменет од 1997.
Моментално, најмногу титули има Реал Мадрид. Барселона е на второ место, а Атлетико Мадрид на трето. Топ 5 листата ја заокружуваат Атлетик Билбао и Валенсија.
Нашата страница посветена на табелата на шпанската Ла Лига ќе ви даде пристап до најважните информации за секој клуб. Покрај самата табела, можете детално да ја видете формата на екипите во последните пет натпревари.
Понатаму, можете да го забележите моменталниот број на одиграни натпревари и колку од нив се победени, изгубени и нерешени. Нашите табели ќе ви дадат и увид до бројот на постигнати голови, како и бројот на примени голови.
Доколку сакате да ја видете историјата на натпреварите или пак натпревари кои допрва треба да се играат, можете слободно да ги посетете нашите страници за вчерашни, денешни и утрешни натпревари.
Сите наши статистики се од огромна важност за секој фан кој будно го прати спортот и шпанскио фудбал, како и за навивачите кои сакаат повремено да се обложуваат. Анализите на натпреварите кои можете да ги најдете на Scatter.mk ќе ви помогнат да донесете правилна одлука.
Со оглед на тоа дека нашата страна е оптимизирана за мобилна употреба, ќе имате пристап до нашите информации во било кое време и место и од било кој уред.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка