Многуте игри на среќа во Македонија нудат секакви шанси за секој играч да стигне до добра добивка. Но ниедна не го прави тоа на интересен начин како играта Среќни Топчиња!
Среќни Топчиња може да биде комплицирана игра за нови играчи заради начинот на игра и разните правила што ги нуди. Но тие не мора вас да ве преовеличуваат повеќе, бидејќи тука ќе видиме како работи играта Среќни Топчиња и нејзините правила!
Како Функционира Една Игра на Среќни Топчиња?
Како што би можеле веќе да погодите, во игра од „Среќни Топчиња“ се извлекуваат 35 топчиња од вкупно 48 од кои сите се означени со број и една од 8 бои. Ваша задача е да одберете минимум 6 или максимум 10 бројки и да ја уплатите вашата комбинација во продажно место или обложувалница каде се нуди самата игра!
За да бидете добитник на игра од Среќни Топчина, треба да ви бидат извлечени 6 бројки од тие кои што сте ги одбрале и уплатиле. Но колку порано таа комбинација е извлечена, толку поголема ќе биди вашата добивка!
Па доколку последниот број што вас ви фали во извлекувањето биде извлечено што порано, вашата добивка е уплатата која се множи со дадениот коефициент. Во Winner казиното можете да видете дека коефициентот за максимална добивка е 10,000 доколку сите ваши бројки бидат извлечени први, а 1 каде ви се враќа уплатата доколку последната бројка што ви фали е извлечена последна.
Сѐ што Треба да Знаете зад Правилата на Среќни Топчина
Како и сите други игри на среќа, главното правило што мора да се спомне е дека играта е наменета само за лица над 18 години. Малолетници не може да имаат пристап до играта на Среќни Топчина.
Иако главната игра е да одберете комбинација од 6 бројки, Среќни Топчина нуди многу повеќе различни начини на игра. Зависно каде играте Среќни Топчина, може да имате шанса да одиграте и првиот или последниот извлечен број да биде парен или непарен, да ја погодите неговата боја, или да биде над или под 24,5.
Покрај погодувањето на првото топче, исто така може да се обложувате на топчината преку целата игра. А во тоа спаѓа да погодувате дали сумата на сите извлечени броеви ќе биде над или под 122,5, дали ќе има повеќе парни или непарни топчина во цела игра, или пак најчесто извлекуваната боја. Овие правила за игра не се нудат во секое уплатно место, затоа прво прашајте за да ги видите вашите можности!
Доколку знаете како да менаџирате со комбинации, Среќни Топчина нуди и системски начин на игра. Имајте во предвид дека со систем вашата добивка ќе биде намалена. Можни системи се 6/7,6/8,6/9 и 6/10.
Како и други игри, Среќни Топчина нуди разновидни бонуси и главен џекпот. Постои Детелинка бонус и Бонус +100, каде Детелинка бонусот се активира кога добитникот има 2 броја покриени со детелинка на нивниот тикет, а Бонус +100 се активира случајно зависно играта. И двата бонуса ја удвојуваат самата добивка.
Џекпотот пак е предвиден однапред, и во секое коло од Среќни Топчина се одбира комбинација од букви кои ги има и на вашиот тикет. Доколку се совпаѓаат тие букви со другите од тикетот, тогаш бидејте среќни бидејќи сте добитник на голем џекпот!


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка