Уплата-Исплата во Македонските Казина

Каде и да уживате во игрите на среќа што казината и обложувалниците ги нудат во Македонија, мора да имате парични средства за влог. Па тие ќе треба прво да ги уплатите, и доколку имате добар профит, казиното треба вам да ви ги исплати. 

Постојат секакви различни начини на уплата и исплата во онлајн казината и обложувалниците. Па затоа тука ќе ги видиме кои се вашите опции за уплата и исплата во Македонските казина!

 

Уплата-Исплата во Физичко Казино или Обложувалница

Прво ќе го погледнеме традиционалниот начин на уплата и исплата со игрите на среќа, а тоа е со физичко присуство. Со вашите парични средства може да уплатите тикет со натпревари во секоја обложувалница, каде и самиот ќе ви биде физички даден. Па доколку е победнички тикетот, само со ливчето во истата обложувалница може да ја добиете вашата исплата.

Истото се случува и физички во казината со електронските рулет маси и апарати. Доколку ги ставите вашите пари и играте на нив, во секој момент имате шанса на самите апарати да одберете да ви бидат исплатени средствата!

 

Потоа зависно во кое казино се наоѓате, апаратот ќе ви извади тикет со кој одите кај касиерката за вашата исплата, или може да биде Hand-Pay, каде гледате апаратот со која бројка е означен и таа му ја кажувате на касиерката.

Уплата-Исплата со Вашата Дебитна Картичка

Кај онлајн казината најчесто уплатата и исплата се води електронски. Затоа може да одберете повеќе опции за уплата/исплата, од кои една е со вашата дебитна картичка. Македонските онлајн казина, како 2Win, ви овозможуваат со внес на информациите на вашата дебитна картичка да ставите средства за игра.

 

Запазете дека онлајн казината најчесто ви бараат регистрирана корисничка сметка. Потоа кога ставате пари на нејзе со дебитната картичка, парите од банкарската сметка ќе ви бидат префрлени во сметката на онлајн казиното! Истото се случува кога пробувате исплата, каде по даден временски период од казино сметката ќе ви бидат префрлени на банкарската сметка.

Уплата-Исплата со Транзакциска Сметка

Вашата дебитна картичка е технички поврзана со вашата транзакциска сметка. Па доколку не сакате информациите од картичката да ги споделувате, можете директно преку вашата транзакциска сметка со банкарски трансфер да направите уплата до онлајн казино!

Некои казина не ја нудат опцијата за уплата директно преку транзакциска сметка. Па прво осигурајте се дека ви се нуди таа опција. Потоа добијте ги нивните информации, како име на банка, IBAN и SWIFT код, и направете ја вашата уплата. Доколку онлајн казиното е легитимно, вашата уплата ќе биде префрлена кога банкарскиот трансфер се реализира, кое што може да трае неколку дена! 

Уплата-Исплата преку Онлајн Банка

 

Во последно време, онлајн банките стануваат повеќе познати со играчите на онлајн казината. Па преку нив можете директно да правите уплата и исплата! Прво треба да имате верифицирана сметка во некоја онлајн банка.

Потоа, со информациите од таа сметка може да ги правите уплатите и исплатите во онлајн казиното каде што играте. Најпознати онлајн банки кај играчите во Македонија се Skrill, Neteller, а за банкарски трансфер поволнa е и Wise онлајн банката.

Уплата-Исплата со Крипто Паричник

Крајно како добра алтернатива може да се спомне уплатата и исплатата со крипто паричници. Тие ви дозволуваат да играте во онлајн казината со крипто валути како Bitcoin и Ethereum. Добар паричник за играње со крипто валути е Metamask, но може да се искористат и горе-наведените Neteller и Skrill!

Една битна работа која треба да ја запаметите е дека најчесто со овие опции уплатата ќе биде брза. Но исплатата во онлајн казината може да биде повеќе спора. Најчесто таа се движи од 2-5 работни денови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.