Во кој било град да одите во Македонија, големи се шансите да најдете многу казина во кои може да играте. Но некои казина нудат поголемо уживање во самата игра од други. И баш тоа може да се каже дека е вистина за казиното Flamingo во Скопје. Па доколку сте сакале да го посетите ова казино, тука ќе видите се што треба да знаете за Flamingo казиното сместено во Скопје!
Општи информации за Казиното Flamingo во Скопје
Казиното Flamingo е сместено кај плоштадот во центарот на Скопје, блиску до големиот споменик на Александар Македонски, што е исто именуван како „Воин на Коњ“. Казиното е изградено во градбата каде што се наоѓа и Мариот хотелот, и истото е баш големо и добро видливо доколку го барате на плоштадот во Скопје. Самото казино е големо и обемно со 4 спратови врз кои се распределени апаратите и другите игри на среќа!
Кога ќе влезете во Flamingo, прво ќе бидете пресретнати од детектор за метал и обезбедување. Кога ќе ја помините таа контрола, ќе треба да се регистрирате во казиното со ваш отпечаток на прст. Тоа е за казиното да биде осигурано дека вие сте полнолетен, а воедно и легитимен играч за игрите на среќа.
Потоа од кога ќе влезете, ги имате сите луксузни можности што Flamingo казиното ги нуди. Покрај игрите на среќа, на првиот спрат може да најдете апарати и бар каде може да бидете послужени пијалоци, а некогаш и селекција на мезе и јадења. Потоа следи вториот спрат со бар, слот апарати, како и посебен простор за VIP играчи. Наредните спратови исто така содржат добри барови и VIP простори за некои од игрите на маса.
Како што забележавте, Flamingo казиното нуди други игри и услуга за VIP играчи. Тие се играчи кои се спремни со добро поголем влог да играат во казиното.
Луксузот и пријатната атмосфера на казиното брзо се осеќа со баровите и вработените кои се на тоа место да ги задоволат вашите потреби во игрите на среќа. Но тие се главната причина поради која би сакале да го посетите Flamingo казиното во Скопје, па следно слободно може да видите која е вашата селекција на апарати и игри на маса!
Слот Апарати во Flamingo Казиното во Скопје
Flamingo казиното во Скопје располага со над 290 различни слот апарати. Самите апарати доаѓаат од различни дистрибутери, но главно може да најдете апарати од Novomatic дистрибутерот. Тоа е бидејќи казиното е отворено од страна на NOVOMATIC групата, кои исто така го имаат отворено и Flamingo казиното во Гевгелија!
Но тоа не мора да значи дека сите апарати се исти. Напротив, има различни апарати нудејќи многу разни игри за да бидат задоволени играчите во најдобар случај. Добивките кои што може да ги постигнете се доста големи, каде може да бидете победник на мали добивки и високи џекпотови варирајќи од 50, па се до 100,000 евра!
Апаратите нудат и најнова технологија на сензори за отпечаток на прст. Како што спомнавме погоре, првично на самиот влез ќе се регистрирате со вашиот отпечаток, па потоа може да ја надополнувате вашата корисничка сметка во казиното. На крај, паричните средства ќе може одма да ги одиграте со ваше уклучување на некој од апаратите со поставување на прстот директно на сензорот апаратот.

Традиционални Игри на Маса во Казиното Flamingo во Скопје
Иако апаратите се најпопуларен начин за игра на среќа во казината, сепак некои играчи сакаат повеќе тензија и уживанција која може да ја добијат со игрите кои се одвиваат на маса. Па Flamingo казиното во Скопје нуди 11 традиционални игри на маса, од кои 4 се специјални за VIP играчите!
Прво казиното има 6 маси за игра на рулет, од кои 2 се резервирани за VIP играчи. Секоја маса има свој минимален и максимален влог. Има рулет маси со мин. 5 до макс. 25 евра од влог, па потоа мин. 2 до макс 50 евра од влог, и на крај мин. 5 до макс 100 евра од влог. VIP масите на друга страна пак бараат минимален влог од 10 до максимален 200 евра од влог.
Потоа Flamingo казиното презентира и 4 маси за блекџек, од кои 2 се специјално наменети за VIP играчи. Една од обичните маси за игра на блекџек има барање од мин. 5 до макс. 100 евра од влог, а другата има барање од мин. 10 до макс. 200 евра од влог. VIP блекџек масите пак бараат многу поголеми влогови, каде минимален влог е 25, а максимален влог е 500 евра!
На крај има 1 маса наменета за покер, каде што се игра „Ultimate Texas Hold ‘Em“ верзија на покер. Оваа маса е наменета за секој играч, и ексклузивно се игра само против вработен дилер на карти од казиното. Минимален влог од игра тука е 5 евра, а максимален влог е 100 евра.
Дали Вие Треба да го Посетете и да Играте во Flamingo Казиното во Скопје?
Покрај целиот луксуз и разновидните игри што ги нуди ова казино, дефинитивно треба да го посетите Flamingo доколку се наоѓате во Скопје. Ќе бидете добро услужени од страна на вработение и ќе се релаксирате во разните барови на секој спрат од казиното. За секој фан на казина и игри на среќа, Flamingo дефинитивно ќе ве изненади благо!


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка