Лото 7 државна лотарија претставува можност за љубителите на игрите на среќа и лотаријата во целост. Во Македонија има огромен интерес за токму оваа лотарија и истата има огромен број на играчи кои секојдневно се натпреваруваат за големите добивки. Државната лотарија е достапна на играчите уште од 2009 година и истата постојано се збогатува со најразлични игри и се поголеми и поголеми можности за добивка. Покрај Лото 7, лотаријата нуди и други игри како Кено, Среќни топчиња и Инстант лотарија.
Како да Регистрирате Корисничка Сметка во Државна лотарија
На официјалната веб страна на лотаријата во десниот горен агол јасно може да се забележи копчето „регистрирај се“. Откако ќе го притиснете копчето, ќе треба да внесете лични информации, лична идентификација и дополнително ќе треба да направите некои поставки во однос на валутата, јазикот и слично кои би сакале да ги користите во текот на вашето време на платформата.
Што се нуди Лото 7 веб страната?
При самиот пристап на веб страната на Државна лотарија може да забележиме дека се нудат огромен број на услуги кои се добро организирани и лесно може да се пронајдат.
На страната имате можност да ги најдете сите актуелни новости кои се однесуваат на лотаријата и обложувањето. Дополнително имате можност да ги проверувате резултатите па дури и за сопствениот одигран тикет.
Веројатно на страната може и вршите и онлајн уплата на лото тикети според избрани бројки, но за жал немавме можност да го истестираме истото.
Начини на Уплата и Исплата во Лото 7 Државна лотарија
Уплатата и исплатата на за одиграните тикети се одвива директно преку трансакциска сметка која ја внесувате при самата регистрација на корисничка сметка и нема други можности за разлика од онлајн обложувалниците во Македонија.
Бонус кој се нуди на онлајн играчите
Лото 7 државна лотарија нуди бонус за онлајн играчите кој може да го добиете секоја сабота и истиот изнесува 50000, 100000 или 150000 денари. За жал не е достапен бонус за добредојде, но сепак останува можноста за добивање на онлајн бонус за сите играчи. Во овој боннус учествуваат сите играчи кои играле на Лото 7 или Џокер игрите.
Мобилна Верзија од Лото 7 државна лотарија
За жал Лото 7 државната лотарија не нуди мобилна верзија во овој момент, но можеби во иднина играчите ќе имаат можност да играат и преку своите мобилни телефони.
Дали Лото 7 државна лотарија има Физички Локации?
Државната лотарија нема посебни физички локации, но истата има огромен број на уплатни места ширум Македонија во кои играчите имаат можност да уплаќаат тикети или да купуваат грепки. Дополнително често може да се пронајдат промотивни штандови на кои исто така имаможност да се изврши уплата.
Поддршка и Чат во Живо
Лото 7 лотаријата овозможува испраќање на пораки до одговорни лица за контакт преку нивната вен страна, а дополнително се достапни и неколку телефонски броеви со различна намена. Достапна е и секција за помош каде што се наведени најчесто потавуваните прашања кои ги имаат корисниците во однос на нивното искуство на страната.
Севкупен Преглед и Оценка за Лото 7 државна лотарија. Можеме ли да Веруваме во Лото 7 државна лотарија?
Според досегашната анализа може да заклучиме дека се работи за легитимна платформа за чија доверливост сведочат и неколкуте сертификати како ISO, GeoTrust и други. Единствениот недостаток што би го издвоиле е недостатокот на мобиллна верзија од платформата, но се надеваме дека истата набрзно ќе биде достапна. Севкупната оценка би била 8/10.
Често Поставувани Прашања (FAQ)
Како да одиграм ЛОТО 7 на уплатно место?
На уплатно место ЛОТО 7 може да пополниш помошно ЛОТО 7 ливче и тоа да биде уплатено, дополнително може да ги кажете на продавачот броевите на вашите комбинации и тие да бидат уплатени.Исто така може со помош на скенирање на бар кодот од некоја уплатена потврда да ја уплатите истата.
Како да пополнам ЛОТО 7 комбинација на помошно ливче?
ЛОТО 7 комбинација се состои од 7 броеви, во едно поле може да ги изберите броевите од 1 до 37. Броевите се селектираат така што со темно сино или црно пенкало јасно ќе се обележат со знакот “Х”.
Што е претплата?
Претплата претставува начин унапред да ги уплатите истите бројки за 10 кола со цел да зачтедите на време.
До колку часот можам да уплатам ЛОТО 7 ?
Лото 7 државната лотарија може да ја одиграте најдоцна во 19:00 часот на сите уплатни место на лотаријата.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка