2Win е австриска обложувалница која веќе неколку години е активна и на македонскиот пазар. Понудата за обложување и понудените кеофициенти им се на завидно ниво, но потребно е да се поработи на останатите акспекти за кои подетално ќе појасниме во продолжението на овој текст.

Кои се 2Win Македонија?

 

Вебсајтот на обложувалницата 2Win се одликува со прилично едноставен дизајн. Не содржи никакви елементи кои го издвојуваат од останатите обложувалници на пазарот, а бонус секцијата е прилично оскудна што е главниот недостаток на оваа обложувалница.

2Win обложувалницата е во сопственост на Друштво за приредување на игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје.

Дали можеме да и веруваме на 2Win обложувалницата?

 

Имајќи во предвид дека 2Win е обложувалница која поседува соодветна лиценца, слободно можеме да оцениме дека се работи за обложувалница на која може да и се верува. Сепак, довербата која 2Win ја ужива во Македонија не е на истото ниво како останатите попопуларни обложувалници во земјата, но одговорно тврдиме дека може максимално да и се верува и дека не се работи за измамнички вебсајт.

2Win е обложувалница која нуди обложување само на најпознатите спортови, додека помалку познатите спортови и некои специјални не се дел од нивната понуда. Практично може да се заклучи дека 2Win е генрално фокусирана на спортски настани и на настани од е-спорт.

2Win спортско обложување

 

Ако правиме споредба помеѓу вебсајтот на 2Win обложувалницата со останатите на пазарот мораме да забележиме дека истиот заостанува во одредена мера. Во прашање е многу едноставен сајт на кој се чини дека ги има само основните содржини без она што секоја друга конкурентна обложувалница на пазарот го прави со цел да се доближи до светските трендови.

Во горниот лев агол од почетната страница е поставено логото на 2Win кое мораме да признаеме дека изгледа мошне интересно. Централниот дел е резервиран за категориите за обложување, казиното во живо и промоциите, додека пак на десно се наоѓаат опциите за регистрација или логирање на вебсајтот. Веднаш подолу на левата страна можете да ги видите спортовите на коишто можете да се обложувате, а централно се поставени опциите за избор на натпреварите кои се најиграни. Десниот дел од вебсајтот е резервиран за алатките кои се однесуваат на тикетите додека најдолу се основните податоци за обложувалницата како и формуларот за контакт.

Она што е вредно за истакнување во позитивна смисла е дека постои можност да ги филтрирате натпреварите според датумот и времето на започнување на истите.

2win registracija

2Win бонуси за добредојде за нови играчи

Понудата во 2Win обложувалницата е солидна, но не содржи бројни дополнителни игри како што е тоа случајот со останатите онлајн обложувалници.

 

Речиси за целокупната понуда на натпревари без оглед дали се работи за најпопуларните лиги или за некоја од послабите, достапни се речиси петстотини различни опции за обложување на секој натпревар.

Секако дека највпечатливи се класичните игри за победник во натпреварите, вкупно голови или полувреме крај. Покрај овие опции достапна е и можноста за комбинации на играта полувреме-крај со онаа на вкупно голови, двојна шанса со вкупен број на голови како и бројни комбинации за поединечниот број на голови во двете полувремиња. За оние играчи кои преферираат да се обложуваат со хендикеп, достапни се бројни опции и за оваа игра.

Дали 2Win има добри коефициенти за спортско обложување?

Најправично е коефициентите во 2Win да ги оцениме како просечни. Не би можеле да кажеме дека се највисоки на пазарот, но истовремено не би смееле ни да ги оцениме како екстра ниски. Како и кај мнозинството онлајн обложувалници, и кај 2Win се чести промените на коефициентите па неретко се случува во даден момент од денот да се прикажани едни коефициенти, а нешто подоцна тие да бидат променети со повисоки или пониски.

2Win бонус понуди за македонски играчи

Бонус понудата на 2Win е прилично оскудна. Бонусите не се постојано присутни и само понекогаш постои можноста за бонус за добредојде или евентуален џекпот бонус којшто е во релација со казиното кое го нуди оваа обложувалница. Мора да се забележи дека тоа се случува многу ретко, а најчесто нема никаква содржина во полето предвидено за бонуси или пак се уште стои понуда чија што важност е измината.

Како да депонирате пари на вашата 2Win сметка за обложување?

Како начин за уплатата во 2Win обложувалницата се предвидени исклучиво картичките Виза и Мастер Кард. Најнискиот можен депозит мора да биде во висина од 300 денари, а мора да се истакне дека при депонирањето на средствата се пресметува и провизија во висина од 1.95% од депозитот.

За сето ова да биде појасно, погледнете го следниот пример.

Корисникот има намера да депонира 1.000 денари од сопствената Виза картичка на својата 2Win корисничка сметка. На одделот за уплата го селектира износот од 1.000 ден и притоа е прикажана стапката на провизијата од 1.95% како и нејзиниот износ од 19,5 ден. Целокупниотизнос кој корисникот ќе го плати од својата картичка изнесува 1.020 денари од причина што на саканиот износ се додава провизијата која патем се заокружува на цел број што во случајов изнесува 20 денари.

Како да повлечете пари од 2Win обложувалницата?

Исплата на 2Win обложувалниците може да се спроведе со картички Виза и Мастер Кард, преку трансакциска или девизна сметка, доколку се работи за нерезидент. И при исплатата на средства од 2Win постои провизија чија што висина варира зависно од начинот преку кој ќе се изврши исплатата. Доколку исплатата ја вршите преку Виза и Мастер Кард картичките ќе ви бидат задржани 5% од средствата. Доколку пак исплатата сакате да ја извршите преку трансакциска сметка висината на провизијата се движи помеѓу 7 и 90 денари зависно од износот кој сакате да го повлечете. За износи до 10 илјади денари се наплатува провизија од 7 денари, за износи помеѓу 10.001 денар до еден милион денари висината на провизијата се движи од 11 денари до 16 денари. За исплати над еден милион денари провизијата изнесува 90 денари. Доколку исплатата ја вршите преку девизна сметка, во тој случај провизијата е во висина од 0.24% од износот на исплатата и 350 денари кои одат за SWIFT.

Најнискаат сума којашто можете да ја повлечете од вашата 2Win корисничка сметка изнесува 1.500 денари без оглед дали исплатата се врши преку Виза или Мастер Кард или трансакциска сметка. За исплата на преку девизна сметка потребно е вашиот профит да изнесува над 300 евра.

2Win поддршкакако стапуваме во контакт со обложувалницата

За разлика од дел од конкурентните обложувалници 2Win не нуди поддршка преку чет во живо. Доколку имате проблем при користењето на вашата сметка можете слободно да ја контактирате грижата за корисници на телефонските броеви 02/5511693, 02/5511691, 075/411137 или со пополнување на контакт формуларот кој е достапен на вебсајтот на 2Win. Поддршката би требало да ви е на располагање за неколку часа зависно од тоа во кој дел од денот сте им се обратиле.

2Win обложување во живо

Обложувалницата 2Win има резервирано посебна категорија на својот вебсајт за оние играчи кои преферираат обложувањето во живо. Поголемиот дел од опциите кои им се достапни на играчите пред започнување на натпреварот се дел и од понудата за обложување во живо. Оваа услуга е една од подобрите кои ја нуди 2Win обложувалницата имајќи во предвид дека за обложување во живо се достапни и натпревари од помалку познати натпреварувања или спортови.

Со оглед на тоа, сите љубители на обложувањето во живо можат да ја одберат 2Win обложувалницата бидејќи таа го нуди сето она што би го добиле на било кое друго место. Причина повеќе за тоа се и коефициентите кои се навистина високи и конкурентни. За секој поединечен натпревар достапни се податоци за текот на натпреварот како статистиката и движењето на резултатот.

2Win мобилна верзија и iOS и Android апликациите

Што се однесува до мобилното обложување 2Win се труди да го следи чекорот со конкурентите. Сепак, имајќи во предвид дека 2Win се уште нема своја апликација, се додека тоа е случајот ќе доцни еден голем чекор зад останатите. Како и да е, постои опцијата да пристапите до 2Win обложувалницата преку пребарувачот на вашиот телефон и без било каков проблем да се обложувате.

Како да се регистрирам во 2Win Македонија

Како да се регистрирам во 2Win Македонија?

Процесот на регистрирање на 2Win е прилично лесен. Она што е потребно да го сторите е да ги внесете бараните податоци и да означите дека сте ги прочитале правилата и условите за користење. Во продолжение погледнете повеќе информации и фотографија за тоа што содржи формуларот за регистрација на 2Win.

Процесот на регистрација се состои од три чекори:

  • Прв чекор – Пополонување на личните податоци
  • Втор чекор – Активација на корисничката сметка на 2Win
  • Трет чекор – Ограничување на игра и евентуални загуби

Прв чекор – Пополонување на личните податоци

Во почетната фаза на процесто на регистрација, потребно е да ги внесете вашите лични податоци, и тоа: име, презиме, адреса и град на живеење, ЕМБГ (или број на пасош за нерезиденти), е-маил адреса, дата на раѓање, број на трансакциска сметка (не е задолжително за нерезиденти на РСМ) и лозинка за пристап на вашата корисничка сметка.

Втор чекор – Активација на корисничката сметка на 2Win

За активација на вашата 2Win сметка потребно е да направите потврда на регистрацијата. Откако ќе се регистрирате на веб сајтот на 2Win на вашиот е-маил ќе ви пристигне активациски код. Со притискање на истиот вашата сметка ќе биде активирана.

Трет чекор – Ограничување на игра и евентуални загуби

Трентиот чекор е финален. Овде е потребно да ги подесите вашите ограничувања во поглед на играта како и ограничувања во врска со висината на депозитите односно уплатите.

Најчесто поставувани прашања за 2Win

Дали постои провизија за  уплата и исплата на 2Win?

Да, обложувалницата 2Win има минимална провизија при уплатите и исплатите.

При исплата, за колку време повлечените средства ќе бидат достапни на мојата сметка?

По барањето за повлекување на средства истите ќе бидат депонирани на вашата сметка во период од еден час до пет работни дена.

Дали 2Win нуди бонус за регистрација на нови корисници?

2Win нуди бонус за добредојде, но истиот не е постојано активен.  

Генерално мислење за 2Win.mk

2Win е прилично едноставна онлајн обложувалница. Одлична е за почетници од аспект на функционирањето, но сепак со слабата бонус понуда е еден голем чекор зад конкуренцијата.

4,0 rating

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2Win казино Македонија
4,0 rating
4.0/5
Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.