Marbet е релативно нов бренд во македонската индустрија за спортско обложување. Покрај тоа што оваа компанија има своја веб страна, овозможува и обложување на лице преку своите физички локации. Како и голем дел обложувалници кои се базирани во Македонија и имаат онлајн присуство, обложувањето во Marbet е различно од тоа на странските сајтови за коцкање.
Како да регистрирате профил во Marbet
Регистрирањето профил во Marbet не е нужно. Можете да се обложувате на страната без да го комплетирате овој процес. Сепак, доколку сакате да добивате екслузивни понуди и пораки, добро би било да се регистрирате. Креирањето профил е релативно брзо и едноставно.
Кликнете на копчето за регистрација
Отворете ја официјалната страна на Marbet. Кликнете на копчето за регистрација. Лоцирано е во горниот десен агол. Овој процес можете да го завршете и од вашиот мобилен телефон, но за подобра прегледност, ве советуваме да се регистрирате од лаптоп/компјутер.
Пополнете ги бараните полиња
Marbet ќе побара ваши лични податоци. Име и презиме, број на лична карта, адреса, датум на раѓање, меил и корисничко име се меѓу нив. Пополнете ги сите барани полиња и потоа, креирајте лозинка.
Прочитајте ги правилата на игра
Кликнете на копчето за правила на игра. Прочитајте ги правилата на игра за да знаете како фунцкионира Marbet. Прифатете ги правилата и изберете дали сакате самата страна да ги обработува вашите лични податоци.
Комплетирајте го процесот
На крај, внесете го кодот кој е прикажан на сликата под правилата на игра. Прегледајте ги вашите информации уште еднаш за да се осигурате дека се точни. Ако се, кликнете на копчето за регистрација на дното на страната и комплетирајте го процесот.

Спортски бонус за добредојде
Со оглед на тоа дека Marbet има примарен фокус на обложување преку своите физички локации, нема да наидете на никаков спортски бонус за добредојде.
Казино бонус за добредојде
Истото важи и за казино бонус за добредојде. Ниту еден македонски играч нема да добие казино бонус за добредојде на страната на Marbet.

Процес на обложување во Marbet
Со оглед на тоа дека Државната Видео Лотарија ги повлече лиценците за онлајн коцкање, ниту еден бренд кој е базиран во Македонија не смее да нуди услуги поврзани со онлајн коцкање. Marbet мора да ги почитува овие правила, па затоа обложувањето со вистински пари тука се врши само преку неговите физички локации.
Веб страната можете да ја користете само како начин да пополнете тикет од дома. Еве како функционира тоа. Официјалната веб страна на Marbet ви дава пристап до секакви настани, дури и оние во живо. Имате пристап до многубројни категории, вклучувајќи ги и:
- Фудбал
- Ракомет
- Хокеј
- Кошарка
- Пикадо
- Американски фудбал
- Одбојка
Секој настан во било која категорија ви овозможува да бирате меѓу разновидни опции за обложување (победник, број на голови, дупла шанса, итн.). Вие имате слобода да си го формирате вашиот тикет преку веб страната.
Откако ќе го направите тоа, кликнувате на копчето ,,Зачувај’’. Платформата ќе го зачува вашиот тикет и ќе ви го даде неговиот број. Бројот го користете на шалтер на една од локациите на Marbet.
Кешиерите го внесуваат бројот и автоматски им се појавува вашиот тикет. Вие само го кажувате вашиот влог. Кешиерот го печати вашиот тикет и од тука, можете да ги пратете настаните.
Веб страната на Marbet служи и како платформа за проверување на вашите резултатати. Доколку сте добитен, одете со вешиот тикет на било која локација на Marbet и го кеширате.
Платежни средства во Marbet
Со оглед на тоа дека Marbet е физичка обложувалница, можете да се обложувате само со кеш. Брендот не прифаќа ниту еден друг платежен метод.
Мобилна верзија на Marbet
Marbet нема апликација за Android и iOS уреди, но нејзината веб страна ја користи познатата HTML5 технологија. Со други зборови, оптимизирана е за мобилна употреба. Можете да ја отворете преку вашиот мобилен пребарувач и да ги користете сите услуги без никаков проблем.

Дали Marbet има физички казина во Македонија?
Marbet има физички локации во неколку градови низ Македонија. Најраспространета е во Скопје. Тука можете да најдете локации во неколку населби – Сарај, Илинден, Центар, Стајковци и Трубарево. Покрај тоа, Marbet е достапне во Прилеп, Струмица, Тетово, Пробиштип, Куманово, Кичево, Кривогаштани, Демир Капија, итн.
Корисничка поддршка во живо
Доколку сакате да стапете во контакт со Marbet, можете да испратете меил на info@marbet.com.mk. Алтернативно, можете да ја посетете најблиската локација од вашиот дом.
Заклучок и рецензија за Marbet – Дали можеме да му веруваме на Marbet?
Иако Marbet не ја дели популарност како и некои други обложувалници базинари во Македонија, факт е дека овој бренд е легитимен. Достапен е во повеќе градови и има солидна покриеност на најпопуларните спортови.
Принципот на обложување тука е ист како и сите обложувалници во нашата држава. Веб страната ја користете за креирање на вашиот тикет. Потоа, го користете кодот кој го генерира веб страната за да го добиете тикетот на шалтер.
Со оглед на тоа дека официјалната веб страна на Marbet е оптимизирана за мобилни уреди, можете слободно да го креирате вашиот тикет на Android или iOS уреди. Услугите се идентични како и оние на десктоп верзијата. Едиствено нешто на кое треба да обрнете внимание е интернет конекцијата.

ЧПП
Дали Marbet поддржува онлајн обложување?
Marbet делумно поддржува онлајн обложување. Иако имате дозвола да формирате тикет преку веб страната на овој бренд, не можете да го уплатете. За да го направите тоа, морате да посетете физичка локација.
Кои спортови се достапни на страната на Marbet?
Најпознатиот спорт на кој можете да се обложувате во Marbet е фудбал. Покрај фудбал, достапни се спортови како кошарка, американски фудбал, одбојка, хокеј, ракомет и пикадо.
Дали Македонците можат да се обложуваат на страната на Marbet?
Marbet е македонска обложувалница, па затоа Македонците можат да се обложуваат тука. Единствен услов кој мора да го исполнете е да имате над 18 години.
Дали Marbet нуди казино бонуси?
Marbet не нуди никакви казино бонуси бидејки овој бренд нема никаква поврзаност со таквата форма на коцкање.
Како да се регистрирам во Marbet?
Регистрирањето во Marbet е прилично едноставно. Откако ќе пристапете на официјалната страна на брендот, кликнете на копчето за регистрација. Пополнете ги бараните полиња, прифатете ги правилата на игра и комплетирајте го процесот.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка