Постојат многу кладилници кои со години работат функционално во Македонија. Но една понова кладилница што се појави во државата за играчите е Maxbet. Па ако ве интересира дали оваа кладилница ќе ги исполни вашите очекувања, тогаш не се сеќирајте бидејќи тука ќе ги разгледаме сите услуги што ги нуди Maxbet кладилницата!
Информации за Кладилницата
Maxbet е кладилница која пред скоро се појави во Македонија во 2019 година. Таа веќе подолг период ја има на балканот во Србија, Босна и Херцеговина, итн. Исто така може да се верува во оваа кладилница бидејќи Maxbet функционира под лиценца бр. 45-2089/1 издадена од владата на Македонија!
Кладилницата нуди многу игри и спортски натпревари со добри коефициенти за играчите. Сега за сега може да играте во оваа кладилница само на нивните уплатни места во живо бидејќи некои делови како страната сеуште не се достапни во Македонија…
Како да Регистрирате Корисничка Сметка во Maxbet
Може да креирате корисничка сметка кај Maxbet во Македонија на нивната веб страница со кликање на копчето „Регистрација“ на врвот од страната. Ќе треба да ги внесете вашите информации и да ја потврдите корисничката сметка преку вашата е-маил адреса.
Иако имате корисничка сметка на Maxbet страната, таа нема многу да ви служи бидејќи нивните онлајн сервиси сеуште не се достапни во Македонија! Кога ќе ја направите сметката, ќе треба да ја довршите регистрацијата. Тоа довршување ќе ве воведи на страна која ќе ви каже дека во нашата земја не може да регистрираат сметка.
И веб страницата не е направена како што треба, каде некои линкови водат до празни страници. Но информациите за тековните спортски натпревари се добро прикажани и соодветно ажурирани.

Бонус за Добредојде во Maxbet за Спортски Тикети
Сите бонуси и промоции што ги нуди Maxbet може да се пронајдат на нивната веб страна на секцијата „Промо“ на врвот од страната. Засега нема никаков бонус за добредојде во нивната кладилница.
Бонус за Добредојде во Maxbet за Казиното
Во овој момент Maxbet кладилницата не нуди никаков бонус за добредојде на казино слот игрите што ги нудат. Не нудат и многу казино игри за разлика од други кладилници за да има посебен бонус за добредојде.
Слот Игри на Апарати во Maxbet
Maxbet располагаат со слот апарати од Државна Видео Лотарија на Македонија (VLT). Тие се воедно и едни од најпопуларните машини во Македонија, каде може да најдете овошни игри како „Burning Hot“, „Dazzling Hot“, „Shining Crown“, „Super Hot“, итн. Повеќето игри може да ги пронајдете со повеќе линии.
Доколку сакате да скршнете од овошните игри, VLT апаратите нудат и други игри со различни бонуси за бесплатни вртења како „The Story of Alexander“, „Oil Company“, „Fortune Spells“, и др.
Начини на Уплата и Исплата во Maxbet
Во Maxbet моментално можете да направите уплата и исплата само во живо кај нивните физички локации. Спортските тикети може да ги напишете на ливче со кодови извадени од нивниот билтен, кое после ќе го предатете на шалтер за уплата. Доколку тикетот е добитен, истиот го доставувате на шалтер со лична карта каде ќе ви биде извршена исплатата.
На нивните VLT слот игри пак уплатата ја правите директно во апаратите кај нивните локации. Кога ќе ја имате сумата која што ја сакате, притискате на копчето „Cashout“ на машината која ќе ви предаде тикет. Со доставување на тикетот на шалтер ја добивате вашата исплата.

Како да Уплатите и Исплатите од Вашата Казино Корисничка Сметка
Нажалост Maxbet не нуди онлајн казино, па нема специјална казино корисничка сметка со која можете да играте. Сега може да ги играте нивните слот игри само во живо кај нивните физички локации.
Мобилна Верзија од Казиното на Maxbet
Ако сакате да ги погледнете тековните спортски натпревари и нивните коефициенти на Maxbet преку вашиот телефон, тоа може да го направите преку нивната веб страна. Тие имаат добар и видлив приказ директно од веб пребарувачот на вашиот мобилен телефон!
Казино Мобилни Апликации за iOS и Android
Иако Maxbet има мобилна апликација во другите држави каде ја има кладилницата, во Македонија нема никаква достапна апликација, ни за Android, ни за iOS. Но тоа може да се смени во блиска иднина имајќи во предвид дека се скоро нова кладилница во државата.
Дали Maxbet има Физички Казина?
Maxbet во Македонија функционира само во нивните физички локации во поголемите градови, како Скопје, Битола, Гостивар, Кичево, Тетово, и други уплатни места. Таму може да ги уплаќате вашите тикети и најдете нивните VLT слот апарати. Некои локации нудат и виртуелни игри како „Среќни Топчина“ и „Доги Кено“.

Поддршка и Чат во Живо
Оваа кладилница има добра поддршка за корисниците на кои им треба помош. Може да им се јавете на нивниот телефонски број на „+38970221557“. На нивната страна на врвот десно може да го најдете копчето „LEAVE US A MESSAGE“, со кое Maxbet нуди и поддршка преку чат во живо кога имаат достапни агенти. Но и да немаат, ќе ви одговорат на вашето прашање на е-маил адресата што ќе ја доставите што поскоро.
Севкупен Преглед и Оценка за Maxbet. Можеме ли да Веруваме во Maxbet?
Maxbet е понова кладилница во државата со многу нефункционалности кога доаѓа до збор за онлајн игра. Но доколку сте за игра кај нивните физички локации, нема да имате промаш! Нудат добри виртуелни игри и VLT слот апарати заедно со добри коефициенти на нивните спортски натпревари. И да ви треба помош и поддршка околку кладилницата, истата соодветно може да ја добиете. Затоа можете да имате доверба во оваа кладилница!
Често Поставувани Прашања (FAQ)
Која е минимална и максимална уплата во Maxbet? Минимална уплата на спортски тикет во Мaxbet e 20 денари, додека пак мин. уплата по комбинација е 1 денар. Максималната уплата на друга страна е 300,000 денари. Додека пак VLT апаратите примаат мин. уплата од 100 денари, но има и апарати кои примаат 50 денари.
Која е максимална исплата во Maxbet? Максималната исплата што може да ја добиете кај Maxbet кладилниците во Македонија е 6,000,000 денари.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка