Типстер е некој кој нуди информации и предвидувања на спортски настани. Типстерите имаат свои сопствени блогови, форуми и вебсајтови нудејќи поткрепени предвидувања, математички предвидувања и слично. Она што ќе го добиете од нив како корисник не е само едноставна прогноза на натпревар, туку и совети како да користите различни обложувалници.
Многу лесно на интернет можете да најдете бесплатни или совети од типстери кои се наплатуваат. Во некои држави дури постојат и телефонски броеви за спортски и фудбалски прогнози. Играчите вообичаено плаќаат за совети од типстери, но исто така постојат и вебстраници кои не наплатуваат.
Како да станете типстер?
Во денешно време да се биде типстер стана вистински бизнис. Дали имате искуство во спортско обложување? Или можеби често добивате кога играте на вебсајтовите на обложувалниците? Во тој случај дефинитивно можете да се обидете да станете типстер. Вашата улога би била да се однесувате како странка со поголемо знаење за игрите отколку за самата обложувалницата. Прогнозите кои ќе ги нудите треба да се засноваат на соодноси, вести и статистики.
Суштествено е да нудите чесни прогнози. Формулирајте ги аргументите поради кои сметате дека определен натпревар ќе заврши со определен резултат. Со цел да го направите тоа достапно, потребно е да следите медиуми каде што ги имате сите потребни податоци, состојбата на тимовите, повредени играчи, амбициите на менаџерот итн. Ова се некои работи кои морате да ги имате на ум. Земете во предвид дека типстерите не нудат само прогнози за финалните резултати од спортските настани. Овие експерти исто така ги ги споделуваат сопствените мислења за опциите за обложување за најдобрите стрелци, точен резултат, хендикеп, полувреме-крај итн. Можете да го постигнете сето тоа со многу посветеност и пред се искуство.
Дали е профитабилно да се биде типстер?
Секако, можете да профитирате од спортски и фудбалски прогнози. Доколку е случај да се разбирате во спорт и да знаете да направите добитни прогнози, имате можност брзо да заработите. Доколку ги направите јавно достапни вашите успешни прогнози можете да добиете многу фанови подготвени да платат за вашето знаење. И доколку вашата прогноза е погрешна, сепак можете да заработите.
Она што треба да го направите е на фановите на спортското обложување да им ги претставите вашите анализи и појаснувања кои се однесуваат на прогресот на спортските натпревари. Набргу потоа, ќе се појават многу следбеници подготвени да платат за точни спортски и фудбалски прогнози.
Доколку вашите прогнози не се добитни, подобро е да не се нарекувате себи си типстер. Во таков случај, обидете се да ги задржите вашите прогнози само за себе, бидејќи сакате да бидете од помош, а тоа значи да не ги ставите другите во долг. Вистински типстер дава релевантни совети кои им овозможуваат на следачите да заработат вистински пари.
Заклучок
Да се стане типстер не е едноставен пат да се изоди. Јасно се гледа дека тоа е долг пат и крајната дестинација е да се биде од корист за ентузијастите за обложување. Вистинскиот стремеж е да се биде дел од играта. Па доколку сте доволно паметни и среќни за да добиете, зошто да не го споделите тоа па и да добиете некој надомест за вашата работа?


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка