Како да се обложувам на корнери?

Фудбалското обложување не беше толку развиено и не нудеше толку изобилна понуда во минатото како што е случајот денес. Сега, играчите можат да се обложуваат не само на победник во натпреварот или нерешен резултат, туку можат да го прават тоа и на стрелци, хендикеп, резултат на полувремето, точен резултат, корнери и друго. Во овој текст, ќе се осврнеме на обложувањето на корнери, бидејќи е едно од најпреферираните на вебсајтовите за онлајн обложување.

Што е обложување на корнери?

 

Обложувалниците ви овозможуваат да се обложувате на корнери користејќи ги помалку или повеќе опциите. Со други зборови, ќе видите табела во која ќе треба да предвидите дали ќе има помалку од Х корнери во натпреварот или повеќе. За секоја опција постојат коефициенти. Тие се пресметани согласно вашиот облог. Ова ја определува висината на вашата добивка. Во продолжение следуваат повеќе информации за обложувањето на корнери:

Број на корнери – ова е стандардна опција каде што одбирате помалку или повеќе од определениот број на корнери на натпреварот;

Корнери во прво полувреме – повторно, го предвидувате бројот на корнери, но овој пат само во првото полувреме од натпреварот;

 

Корнери за определен тим – оваа опција ви овозможува да се обложувате кој тим ќе има повеќе корнери. Коефициентите за оваа игра се многу добри;

Повеќе корнери – одбирате дали ќе има повеќе корнери за домаќинот, еднаков број, или повеќе корнери за гостинскиот тим;

Какви се коефициентите за обложувањето на корнери?

 

Нема сомнение дека коефициентите за овие игри се високи па доколку сте добри во предвидувањето на поединечни настани во натпреварот, тогаш испробајте ја вашата среќа. Уште подобро, различните опции ви нудат уште повисоки коефициенти. На пример, доколку можете да го погодите приближно точниот број на корнери кои ќе ги има еден од тимовите, ќе фатите многу високи коефициенти и согласно тоа ќе имате повисока добивка.

Секако, можете да го комбинирате обложување на корнери со останатата понуда на сајтовите за обложување. Коефициентите ќе пораснат и вашата добивка ќе биде многу повисока. Запаметете, во секој случај постои ризик од загуба, затоа обидете се да играте со пониски уплати за да видите како ќе ви оди.

Стратегии за обложување на корнери

Во оваа фаза, не постои 100% ефективна стратегија за обложување на корнери која би ви донела сигурна добивка. Како и да е, можете да земете во предвид повеќе опции кои ќе ги зголемат шансите за добивка користејќи ја оваа игра. На пример, добро е да се погледне статистиката на меѓусебните натпревари, и да ја видите зачестеноста на корнерите во натпреварите. Јасно е дека секој натпревар е различен, но барем ќе имате некоја база на која ќе можете да се потпрете.

Друга идеја која што можеме да ви ја дадеме е поврзана со тактиката на тимовите, набљудувајќи го факторот дали игра на домашен или гостински терен. Се претпоставува дека силните тимови играат поагресивно на свој терен и дека напаѓачите се поактивни. Ова најчесто значи дека ќе има поголем број на корнери. Врз основа на ова можете да се обложувате на бројот на корнери на тимот. Морате да го познавате тимот и начинот на кој игра.

 

Ова се само неколку предлози кои ни паднаа на ум. Многу е важно да ги знаете лигите и турнирите, начинот на кој тимовите играат, интенциите на тренерите и други фактори. На овој начин ќе имате подобри шанси за погодување на бројот на корнери. Се надеваме дека сме од помош и ви посакуваме многу успех и профитабилни облози. Уживајте во играта и обложувајте се умерено.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scatter.mk
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.