Без разлика дали сте тренер, искусен фудбалер или се уште лаик, мора да знаете некои основни принципи на фудбалот. На пример, една од основните работи кога тренирате играч, која идеално се случува во детството, е способноста на тренерот да ја одбере најдобрата позиција за даден играч.
Додека играчите во тимот можат да имаат само една позиција, тактиката е развиена да може да овозможи повеќе флексибилни опции. Токму ова е разликата помеѓу фудбалот во минатото и фудбалот денеска.
Во овој текст, ќе зборуваме за позицијата крилен играч. Оваа позиција е слична со онаа на традиционален напаѓач со тоа што крилниот играч игра на двете страни што истовремено му овозможува и да постигнува голови и да им асистира на своите соиграчи. Формациите во кои се наоѓа крилниот играч најчесто се 4-2-3-1, 3-4-3 и 4-3-3.
Крилните играчи играат на страничниот дел од теренот. Потребно е да имаат перфектна контрола на топката како и способност да играат на мал простор и 1 на 1 без топката да го напушти теренот.
Како што веќе беше споменато, улогата на играчите е толку променета што еден играч може да извршува повеќе функции што ја зголемува вкупната ефикасност на тимот. Денеска крилните играчи играаат поагресивно отколку во минатото.
Како резултат на сево ова, денеска ќе видите дека крилните играчи придонесуваат и асистираат значително повеќе отколку пред една деценија. Играчи како Кристијано Роналдо, Арјен Робен и Френк Рибери го имаат усовршено овој начин на игра и се перфектен пример за крилни фудбалери.
Доколку сте се запрашале кои се решавачките фактори дали еден фудбалер е добар на оваа позиција, постојат повеќе такви фактори:
⦁ Издржливост – крилната позиција е најинтензивна од сите. Крилните играчи треба да трчаат напред доколку нивната екипа е во напад, а потоа бргу да се вратат назад за да го бранат својот гол;
⦁ Брзина – брзината е несомнено еден од најважните фактори како во случајот кога се оди напред така и при враќањето во одбрана. Крилните играчи мора да бидат брзи;
⦁ Дриблинг – играјќи во зона во која топката често излегува од теренот, дриблингот е многу важен за да им овозможи на крилните играчи да ја совладаат противничката одбрана за да асистираат или постигнат гол;
⦁ Способност да центриррат – упатувањето центар-шутеви е она што најчесто го прават крилните играчи. Доколку тој знае добро да центрира, тоа го прави многу корисен за својот тим;
⦁ Дефанзивни вештини – понекогаш крилните играчи треба да ги покриваат недостатоците во одбраната користејќи ја својата брзина да го попречат противникот;
⦁ Разбирање на играта – на крај, добро разбирање на играта овозможува да го предвидите и неутрализирате противникот.
За многу екипи, традиционалните крилни играчи се значаен фактор. Тие трчаат покрај аут линијата и упатуваат центар-шутеви. Ова ја прави позицијата клучна за нападот и во додавањето при креирање на шанси.


Scatter Аргентина
Scatter Албанија
Scatter Бугарија
Scatter Јужна Африка
Scatter Бразил
Scatter Венецуела
Scatter Данска
Scatter Мексико
Scatter Перу
Scatter Португалија
Scatter Србија
Scatter Словачка